28.04.2022

Успеавме да ја надминеме пандемијата и да им ги вратиме насмевките на нашите гости

Успеавме да ја надминеме пандемијата и да им ги вратиме насмевките на нашите гости

Кајак денеска го испи своето утринско кафе во прекрасното дворче на ресторанот „Грне“ кој воедно е нашата нова гастрономска дестинација која ја додаваме во базата, а каде може да резервирате со еден клик ОВДЕ.

Домаќинот Ристе не дочека со насмевка и амбициозен поздрав кој на некој начин ни даде чувство дека ресторанот веќе одамна ја има отворено својата сезона.


Грне има приказна која се испишува веќе 7 години, успева да ја изброди пандемијата и да докаже дека идејата за сервирање вкусна храна и цртање насмевки на лицата на гостите е поважна од секоја пандемија.

За оние кои досега не слушнале за ресторанот Грне, треба да потенцираме дека тој се наоѓа на магистралниот пат кој води од Охрид до Св.Наум во населеното место Долно Коњско и до него можете да стигнете со секое возило, автомобили, автобуси, комбе, а за активните туристи и со велосипеди.


Ресторанот е отворен пред 7 години, кога сопственикот Ристе, како професионален готвач одлучува да ја реализира својата животна желба, а тоа е да има свој простор каде ќе може да им ги служи на гостите специјалитетите кои успева да ги научи во текот на својот професионален ангажман.

Ристе вели дека желбата да има свој ресторан му е од мали нозе и додава дека секој кој нешто посакува може да го оствари доколку силно верува во тоа.


Ресторанот „Грне“ е изграден според желбите на Ристе, а тоа е да има голем простран двор кој ќе има природна сенка и кој ќе биде опколен со цвеќиња. Денеска Ристе е среќен кога гледа куп деца како уживаат играјќи во дворот.  

Ресторанот е изграден во етно стил и главниот фокус го става на вкусната храна која може да се најде за сечиј вкус. Почнувајќи од салати, скара, готвени јадења, домашно чадено месо и вкусната и препознатлива плескавица „Грне“.

Домаќините велат дека во фокус им е вкусната храна, бидејќи без неа ресторанот „Грне“ нема да го има вистинскиот дух.

Контакт за комуникација и резервации можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Зоран Киров

    06.05.2022 16:55

    Кој бил знае, кој не бил да појде да види... Прекрасна храна, одлична услуга и уште подобри сопственици :)

  • Б.Коруноски

    29.04.2022 17:32

    Пред се луѓе на место а после се останато како храна и специјалитети така и удобност на највисоко ниво. Секоја чест и смо напред!

Прочитајте повеќе

Запознајте ги највредните Македонци: Верка, Миодраг и Драган, кои активно дружат со планината

Во светот на Кајак.мк овие луѓе ги нарекуваме локални херои кои се посветиле на одгледувањето и производство на локална храна за која денеска зборуваат многу нивни верни купувачи.

Дали сте слушнале за Омма: Фармата и вила?

Денеска ве водиме во околината на село Орман, каде во падините на Скопска Црна Гора се наоѓа новоотворениот ресторан „Omma: Farm & Villa“.

Тим Билдинг со компанијата Cosmic Development за крај на летната сезона

Младиот тим на компанијата, полн со енергија за натпреварувања докажа дека Битола има луѓе желни за нови предизвици.

HSO со тим-билдинг во Грција: Море, плажа и нови искуства

Ситонија беше локацијата каде групата млади вработени од HSO уживаа под отвореното сончево небо. Многу музика, дружење и забава.

Планинска викендица на Пелистер идеална за цело друштво

Викендицата се наоѓа во близина на рекичка и опколена со шума што ви дава апсолутно чувство за уживање.

Љубовта кон Македонија ме поттикна да останам дома и да се посветам на квалитетното вино

Семејната винарија „Dane Hermes Wine Estate“ постои од 2020-та година и важи за една од првите регистрирани семејни винарии во Македонија. Позади неа, т.е. нејзниниот основач е еден од најпознатите македонски енолози и доктор по енологија