26.04.2020
Се подготвуваат нови правила за авиопревозот
Се подготвуваат нови правила за авиопревозот
Европската комисија во мај ќе го претстави пакетот на нови правила за летање откако ќе бидат укинати вонредните мерки. Европската комесарка за транспорт Адина Валеан соопшти дека мерките ќе вклучуваат социјално дистанцирање меѓу патниците на аеродромите и во самите авиони. Главната цел на овие мерки е да се загарантира безбедноста на здравјето на патниците од авиосообраќајот, којшто во изминатиов период се смета за главен пренесувач на корона вирусот во светски рамки.
(ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Од RyanAir велат дека доколку се принудени на „идиотско“ социјално растојание- тие нема да летаат)
Она што најмногу ги загрижува авиокомпаниите е евентуалната опција да се ограничи бројот на патници во авионите, така што средните седишта во авионот воопшто не би било дозволено да се продаваат. На овој начин, бројот на патници во авионот би можел да се намали и до третина, што всушност би значело изразито намалување на добивката на авиокомпаниите, јавуваат светските медиуми. Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА) веќе соопшти дека корона кризата би можела да предизвика загуби кај авиокомпаниите од околу 314 милијарди долари.
Еврокомесарката Валеан посочува дека меѓу мерките што ќе бидат разговарани во Брисел се задолжителната дезинфекција на авионите и аеродромите, но и опцијата за носење маски при патувањето во авион. Овие мерки би можеле да траат до пронаоѓањето на лек или вакцина против Ковид-19.
(ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Виз Ер најавува дека од 17 Мај повторно ќе лета од Скопје)
Поаѓајќи од фактот дека најголем дел од летовите што се одвиваат од македонските аеродроми се врска со земјите-членки на ЕУ, веќе е извесно дека мерките на Европската комисија ќе важат и за летовите што се организираат од Скопје и Охрид. Македонската влада засега нема определено датум за отворање на двата аеродрома, кои за прв пат по неколку години ќе се соочат со намалување на бројот на патници во авиосообраќајот.
Cover photo:
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИТА:
10-те најзелени градови во светот за 2020 година
Милано ќе го „ремонтира“ патниот систем за да добие повеќе велосипедисти
11 кул пасоши печати во светот
Кога ќе може повторно да се патува во Италија?
Патувајте од дома: Погледнете ги најстарите ресторани во светот!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!