19.01.2021
На 17 години за првпат влегов во студените води за Водици
На 17 години за првпат влегов во студените води за Водици
19-ти јануари е доста важен ден во светот верниците кои се
водат според јулијанскиот календар. Денеска православните македонци го
честувваат Водици или Богојавление. Денот кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.
Foto: Sitel.com.mk
Повеќето од вас знаете дека ние бараме поинаков фокус на
приказните во Македонија, па оттука
фактот дека не би останале рамнодушни, а да не го означиме денот со едно
скромно интервју. Забраната за јавни собири можеби не дозволува масовна
туристичка посетеност, но затоа пак Ивона Јакимовска Стојаноска од Прилеп ќе не
потсети на она што се случувало низ годините наназад. 
Ивона живее во Прилеп. Има само 22 години, а за првпат
влегла во студените зимски води кога имала само 17 години. Таа се одлучила
ваквиот ритуал на „Скокање по крстот“ да го повторува секоја година. 2016-та и
2017-та година кога и биле воедно и првите години, ритуалот го применувала во
Прилеп, за потоа во 2019-та година да скока во Копер, Словенија. 
Желбата на Ивона била присутна уште од најмали години. Таа вели дека поддршка добивала од целото семејство, а најмногу од нејзините родители. Според неа, целта не е да успееш крстот да заврши во твоите раце, туку успехот е да собереш храброст и влезеш во студените води.
За неа не преставува никаков проблем да се учествува во
топла која ја сочинуваат мажи. Додава дека во тој момент вашата перцепција не
се луѓето околу вас, туку водата, приказната, духот и вербата. 
Да се биде рамо до рамо со мажи е под дифолт успех за секоја жена. Овде се рушат стереотипите дека жените не треба да се учеснички на ваквите религиозни ритуали. Овие стереотипи и додека вие го читате текстот, многумина од вас се уште ќе се согласат со ова.
Ивона вели дека во Прилеп учествувала со уште неколку
девојки, што значи дека не била единствена. Додека пак во Словенија, таму
скокнала во водите како единствена учесничка. 
Луѓето во Словенија доаѓаа да ми честитат на храброста поради тоа што бев единствено женско, вели Ивона. „Добив и подарок за учеството што ете се покажа дека луѓето па и тамошните организатори го вреднуваат мојот потег, додава таа.
За неа најважно од се е да се биде физички подготвен. Треба
да се внимава на начинот на влегување во водата, треба претходно телото да биде
изладено за да може полесно да ја прифати драстичната промена на температурата.

Здравствени промени не почуствувала овие години, а верниците веруваат дека секој кој влегува во светите води на овој празник ќе биде здрав цела година.
Традицијата на Ивона е привремено паузирана поради
пандемијата, најмасовните манифестации во Охрид и Скопје кои секоја година ги
посетуваат илијадници туристи од земјава и странство годинава ќе бидат
одбележани на симболичен начин. 
Градот Охрид секоја година важи за број еден дестинација за 19-ти јануари. Претходните години овој празник го организираше Дебарско-кичевската епархија согласно религиозните одредби, како и градот Охрид кој беше задожлен за целокупната организација.
Мора да се напомене дека покрај светиот крст, во Охрид има
се одржува и традиционалното капење на рибарите кое е надополнето со рибна
чорба која се служи во огромен казан на малиот плоштад, а која е бесплатна за
гостите.
Водици
важи за еден од најголемите христијански празници. Со него завршуваат 12-те
т.н. некрстени денови и циклусот зимски празници како Бадник, Божик, Нова
Година (Василица) и други. На овој
ден, верниците веруваат дека се отвора небото, се појавува Бог, а луѓето
му се обраќаат за да им ги исполни нивните желби. Во тој миг водите
престануваат да течат и стануват лековити.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.
Македонија на две тркала: Најубавите моторџиски патишта и авантури низ скриените предели
Моторџиски патишта во Македонија: Најубави рути за возење со мотор Откријте ги најдобрите моторџиски рути во Македонија – планински превои, езера, села, природа и авантури за љубителите на мото туризмот.
Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани
Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.
Кајак.мк ве води во село Слепче
Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.
Кајак.мк ве води во село Пклиште
Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.
Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје
Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.