13.01.2021

Сакам да ве потсетам на Вевчанскиот карневал: Традиција која нема да згасне

Сакам да ве потсетам на Вевчанскиот карневал: Традиција која нема да згасне

Денеска во Македонија се слави доаѓањето на Новата година според стариот календар. Пред пандемијата, датумот 13-ти јануари се одбележуваше на многу начини и преку разни ритуали ширум државата. Од пагански обичаи, па се до современи начини на прослава. 

Тимот на Кајак.мк ќе ве потсети на „Вевчанскиот карневал“ кој според своите интересни особини се одвојува од останатите карневали во светот, поради својата традиционалност, таинственост, но најважно од се е поради своите уникатни маски.

Вевчанскиот карневал, годинава е во мирување поради пандемијата од Ковид-19, но до мината година, можеме со сигурност да потврдиме дека нему му се восхитуваа илијадници странски посетители.

PHOTOGRAPHY TOME I LARA LJUSEVI SPANEC PRODUCTION

Во карневалот се интегрирани традиционалните обредни игри и современи маски, а се изведуваат во чест на верскиот празник Свети Василиј Велики - заштитник на вевчанските василичари, на Вевчани и на вевчанци.

Карневалот е стар повеќе од 1.400 години. Интересен спој меѓу паганското и современото кој го задржал својот дух, традиција и препознатлива локација.

Локацијата на случување е целото Вевчани, кое, за време на неговото одржување се претвора огромен „театар“ каде што секоја куќа и улица е посебна сцена на која маскираните глумат интересни сцени.

PHOTOGRAPHY TOME I LARA LJUSEVI SPANEC PRODUCTION

Постојат три традиционали маски: Познатите зет и невеста, музичарите и Глупи Автуст. Другите маски се помали или поголеми карневалски групи, кои преку својот настап имаат цел да исмеваат јавни личности од општествениот живот.

За време на овие денови, мештаните се собираат во своите домови, каде преку црвено вино и со песна го одбележуваат овој празник.

PHOTOGRAPHY TOME I LARA LJUSEVI SPANEC PRODUCTION

Ние разговаравме со Николина Богоеска Кукоска, сопственичка на познатата етно куќа „Кутмичевица“ која се наоѓа на панорамска локација со прекрасен поглед кон цело Вевчани.

Николина е присутна на вевчанскиот карневал од кога памети за себеси. Нашиот тим, спроведе интервју преку кое таа ни ги открива деталите за животот на Вевчани за време на карневалските денови.

 

Ние: Здраво Николина. Она што нам, а сигурно и нашите патници читатели ги интересира е прашањето: Какo помина минатата година, дали имаше многу туристи во Вевчани?

Николина Богоеска: Во 2020-та како и минатите години, неколку денови пред карневалот (13-ти и 14-ти), се организираа разни изложби, концерти, промоции со кои се привлекуваа значителен број на посетители во општината, како гости и новинарски екипи од земјава така и од соседните држави.

Дополнително на таквите централни настани, Кутмичевица која како и останатите туристички објекти во Вевчани во овие празнични денови е доста посетена, редовно во изминативе години има организиран дочек на православната Нова Година со свечена вечера, музика во живо и посета на традиционалните василичарски маски.

Карневалските денови (13/14-ти), изобилуваат со пагански обичаи стари со векови колку и самиот карневал – традиционални маски како зет и невеста од двете маала на Вевчани (горна и долна), зурли и тапани предводени од локални музичари и ентузијасти, голем број на групни маски, кои се дел од главната поворка/дефиле на 13-ти јануари.

Истите тие василичари, заедно со луѓе од секое едно домаќинство во Вевчани ноќта на 14-ти ги посетуваат познатите Вевчански Извори, од каде се полни вода со која следниот ден се подготвува пита со паричка во секој вевчански дом.

Утрото на Василица (14-ти), василичарите заедно со тапаните и зурлите го започнуваат со посета на куќите на сите оние кои го носат името Васил и слават именден тој ден, за да заврши со централен собир и традиционално палење на маските – чин кој симболира терање и уништување на злите духови.

PHOTOGRAPHY TOME I LARA LJUSEVI SPANEC PRODUCTION

Во овие василичарски денови, локалната традицијата ена прво место во сите сегменти, па така и во храната и пијалокот – Кутмичевица како и другите рестораните го следат тој пример од домаќинствата и вековните обичаи и во овој празничен период се служат специјалитети како домашни колбаси (кои ги имаме тазе во секое време), пивтија, вевчански гулаш и домашно приготвени пити како кашаник (ѓомлезе), золеник и сл. Притоа, непишано правило е служењето на греана ракија и домашно црвено вино, кое секоја куќа во селото како и Кутмичевица за потребите на своите гости го приготвува од локалните вински насади.

 

Ние: Од каде најчесто доаѓаат туристи и од што најмногу се импресионирани, што бараат туристите од автентичната храна?

Николина Богоеска: Во текот на целата година, особено пролет-лето и во ваквиот зимски период, имаме редовни гости скоро од целиот свет, но најчесто од соседните земји како Албанија и Србија, државите на поранешна Југославија од кои пред се Словенија, Хрватска и Црна Гора, Турција и тука би ги споменале холанѓаните и белгијците кај кои интересот за посета на Вевчани и Кутмичевица е се поголем од година во година.

Вевчани како туристичко место се развива значително брзо во последниве години, секако со надеж дека оваа стапка ќе биде уште повисока во блиска индина зашто неискористените капацитети и потенцијали на ова место се навистина огромни.

Самата местоположба под падините на Јабланица и специфичноста и богатството на оваа планина нудат одлични услови за планинарење, велосипедизам, па дури и скијање. Во оваа насока од неодамна беше реновиран планинарскиот дом на 1200 метри надморска висина, во самиот центар на општината се издаваат велосипеди, а сите планински и излетнички места се означени со соодветни патокази.

Вевчанските извори претставуваат еден споменик на природата преку кој Вевчани стана препознатливо во изминатиот период, како и бројните цркви и стари архитектонски ремек дела кои зборуваат за одличните вевчански мајстори и целокупната култура на ова место од неговото постоење до денес.

Што се однесува до Кутмичевица, она што најмногу ги привлекува пред се странските туристи, но и нашите домашни и по што сме препознатливи е етно амбиентот на самиот ресторан, погледот кој истиот го нуди кон Охридско-Струшкиот регион се до врвот Пелистер и најзначајно од се, традиционалната храна која ја приготвуваме во најголем дел со домашно, локално одгледани производи.

Самиот ресторан е сместен во реставриран објект изграден пред повеќе од 200 години, со архитектура и дизајн специфични за старите вевчански куќи, кои се трудиме да ги зачуваме и прикажеме преку амбиентот во ресторанот како и во двата апартмани сместени во склоп на истиот објект.

Освен локацијата и самиот амбиент на ресторанот, она на што вложуваме особено голем труд и посветеност е македонската, но со посебен акцент локалната, вевчанска кујна. Внимаваме нашето мени да биде постојано надополнувано и корегирано, со цел да го понуди најдоброто од традиционалната вевчанска храна, оние работи што ги приготвувале нашите баби и прабаби и кои се карактеристични за овој регион како домашни колбаси, вевчански гулаш и тави, тазе приготвен леб и домашни пити.

Местоположбата на самата општина нуди можност за одлично земјоделие и одгледување на домашни, органски зеленчуци и овошје, широки вински насади, користење на производиод локалните фармери кои заедно со постоењето и сеуште функционирањето на локалната воденица за мелење пченица, претставуваат дел од синџирот кој секојдневно го користиме при подготвување на овие наши автентични специјалитети.

Токму поради ваквиот начин на работа, со сопствено одгледани производи како и користење на продукти и услуги на локалното население, бевме препознаени како одличен кандидат и сме на прагот да станеме еден од ретките ресторани кој е дел од организацијата и работи по принципот на slow food во Македонија.

На тој начин, не само што нудиме нешто поразлично од секојдневната, модерна кујна туку и гледаме на тоа како еден начин за трајно зачувување на вевчанските обичаи, култура и рецепти пренесувани од колено на колено. 

Leave a Comment

Read More

Wine Experiences with Kajak.mk — Summer Magic in Macedonia!

Wine tastings, wine dinners, private atmosphere, and a unique experience!

Successful Team Building with SEMOS CLOUD: Sun, Sea, and Team Victories!

Team Building with SEMOS CLOUD: Team Spirit and Positive Energy. Who wouldn’t want to work for a company like this?

Aristocrat Interactive is planting the future—this year, in Negotino!

Team building filled with ethno music, traditional games, and delicious local food—an unforgettable adventure wrapped up!

New on Kajak.mk: Explore the Adventure Park in the Osogovo Mountains!

Adventure Park features a unique mix of outdoor activities, a serene mountain atmosphere, and traditional Macedonian cuisine.

Inspired by Success: Launching My Own Organic Cosmetics Kitchen

A New Local Heroine from Prilep Joins the Kajak World Today: Meet Monika Evtimoska

Have you heard of the Krivoshija Pools?

For those who are encountering the term "Krivoshija Waterfalls" or "Krivoshija Pools" for the first time, we will try to share a bit more about them.