18.11.2021
Живееме за спокојот на Радожда: Дива риба и домашно макало
Живееме за спокојот на Радожда: Дива риба и домашно макало
Има доста патувачи
кои го сакаат зимскиот спокој покрај Охридското езеро отколку летниот
сезонски џагор кој го произведуваат масовните капачи.
Има луѓе кои едноставно бараат начин како да го уживаат звукот на брановите на езерот, седејќи во некој од локалните традиционални ресторани и јадејќи тазе подготвена риба. За таа категрија на авантуристи, тимот на Кајак.мк ја препорачува вила Радожда, сместена на самиот брег на југозападниот дел на Општина Струга.

Ние разговаравме со домаќинката Ирена која ни посака добредојде со домашно макало, тазе леб со крцкава кора и пекарски компир кој го симболизира домаќинскиот поздрав.

Ирена вели дека вила Радожда е фамилијарен бизнис кој функционира од 2008-та година. Она што го прави уникатно оваа место е моментот дека овде се подготвуваат специјалитети од риба на домашен традиционален начин. За подготовка на овие традиционални рецепти се користат исклучиво локални производи, диви риби од Охридско езеро, а се рибата се служи со додатоци кои се направени исто така на домашен начин.

Храната на вила Радожда е дел од семејството на „Slow Food“, а она кое ви го препорачуваме да го дегустирате како специјалитети се јагулата на струшки начин, крап на кромид- со тајните мирудии на домаќинот, тресена пастрмка, раскошни салати и вистинска атмосвера пренесена од соседното море. Слаткиот дел е со раванија, и домашните колачиња на Ирена, со многу ореви.

Ова уникатно гастрономско местенце кое од денеска е дел од базата на „Гастромонија“ каде може да најдете дирекнтен контакт за резервации е уникатен избор за оние кои сакаат да го доживеат мирот на езерото и да дегустираат вкусна храба.

Вила Радожда исто
така има и сместувачки капацитет кој ќе биде наскоро ќе биде дел од базата на
Кајак.мк
Доколку сакате да
доживеете едно одлично гастрономско искуство и сакате да добиете контакт за
резервација, кликнете ОВДЕ.
Foto credit: Slow Food
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!
И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе
Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.
Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?
Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.