Вила Радожда: Свежа дива риба

Каде во Охрид Разговарај на Viber Јави се на телефон

Свежа дива риба во Радожда

Има доста патувачи кои повеќе го сакаат зимскиот спокој покрај Охридското езеро отколку летниот сезонски џагор кој го произведуваат масовните капачи.

Има луѓе кои едноставно сакаат да уживаат во звукот на брановите, седејќи во некој од локалните традиционални ресторани и јадејќи тазе подготвена риба. За таа категрија на авантуристи, тимот на Кајак.мк ја препорачува вила Радожда, сместена на самиот брег на југозападниот дел на Општина Струга.

Ние разговаравме со домаќинката Ирена која ни го кажа првото добредојде со домашно макало, тазе леб со крцкава кора и пекарски компир кој симболизира домаќински поздрав.

Ирена вели дека вила Радожда е фамилијарен бизнис кој функционира од 2008-та година. Она што го прави уникатно ова место е моментот дека овде се подготвуваат специјалитети од риба на домашен традиционален начин. За подготовка на овие традиционални рецепти се користат исклучиво локални производи, диви риби од Охридско езеро, а се рибата се служи со додатоци кои се направени исто така на домашен начин.

Храната на вила Радожда е дел од семејството на „Slow Food“, а она кое ви го препорачуваме да го дегустирате како специјалитети се јагулата на струшки начин, крап на кромид- со тајните мирудии на домаќинот, тресена пастрмка, раскошни салати и вистинска атмосвера пренесена од соседното море. Слаткиот дел е со раванија, и домашните колачиња на Ирена, со многу ореви.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар