12.05.2021

Нашиот камп ја развива дефиниција за активен туризам во Македонија

Нашиот камп ја развива дефиниција за активен туризам во Македонија

Тимот на Кајак.мк настојува да каже дека секој што е решен да прошета некаде ќе најде начин за патување и престој, макар тоа да би било и во дрвена куќичка.

Кога сме кај уникатните патувања и сместувања, драго ни е да ве информираме дека во базата на Кајак.мк се наоѓаат несекојдневните сместувања во кампот „SCOUT“.

Ова може да биде вашата нова димензија на летниот одмор. Кампот е иделен за луѓе кои преферираат активен туризам, луѓе кои горат од желба да стекнат нови пријателства и да го доживеат луксузот на 21-ви век.


Ние разговаравме со домаќинот Игор, човекот кој успеа да ја зачне новата ера на кампувањето во Македонија. За Кајак.мк со гордост раскажува дека гостите се презадоволни од тоа што го нуди кампот. Му преставува особена чест што доста голем дел од домашните туристи покажале интерес кон турите кои ги нуди кампот. Со само една година постоење, кампот добива оценка од 9.3 на Booking, што за Игор преставува огромен успех.


Игор вели дека кампот Скаут е целосно обновен и опремен. Она што го прави уникатно ова место е пошумената површина од 6.500 метри квадратни. Кампот се наоѓа на работ на градот Струга, на брегот на Охридското Езеро. За гостите на кампот ова е идеална местоположба бидејќи е на 500 метри од центарот на градот, 400 метри од главниот зелен пазар и со 5 различни плажи на радиус од 500 метри. Ваквата местоположба е одлична за младите кои бараат активен одмор и забава, но и за семејства кои преферираат тивко кампување под целодневни длабоки сенки.


Како што и споменавме на почетокот, овој камп е идеален за љубителите на активниот туризам. Тој нуди најразлични активности, како и курсеви  за нуркање кои ги спороведуваат искусни инструктори, а каде по обуката се се стекнувате со PADI светски признати сертификати.

Исто така, доста атрактивни се понудите за едрење, пловење со брз брод, возење кајак или кану. Игор вели дека одлично доживување се и турите по Црн Дрим со кајаци и гумени чамци.


Покрај водените спортови, се организираат и планински разни планински тури, од пешачење, планинарење, велосипедизам па се до тури за ориентација и опстанок.


Одморот не би бил комплетен ако не ги вклучиме и тури со посета на културните и историски места, како посета на блискиот охридски замок, селото Вевчани и околните познати манастири, вели Игор.


Без разлика дали сте гости на кампот или не престојувате во него. Секој заинтересиран може да се пријави и резервира било каква тура. За гостите на кампот има специјални цени со попуст. Турите кои се организираат може да ги погледнете со еден клик ОВДЕ.

Што се однесува до сместувачкиот капацитет во кампот и резервација во истиот, можете да погледнете повеќе информации со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.