28.04.2020

Кои европски земји и кога ќе го отворат туризмот ова лето?

Кои европски земји и кога ќе го отворат туризмот ова лето?

Во тек е дискусија меѓу министрите за туризам во Европската унија за мерките за потенцијално отворање граници за туристите ова лето. Па, што значи ова за туристите?

Сè уште е рано да кажеме, што би можело да се случи и дали доколку се отворат границитe ќе има опасност од ширење на COVID-19. Одредени медиуми веќе пишуваат да се можно е да се издава „здравствен пасош“ за жителите на Еврпската Унија, со што би можеле да патуваат.

На 17-ти март, официјалните претставници ги повикаа земјите-членки да ги држат границите затворени до средината на мај, без пропуштање на граѓаните, освен одредени исклучоци. Официјален датум за отворање на границите се уште не е објавен, а францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела навести дека границите на ЕУ може да останат затворени до септември.

ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Кога ќе може повторно да се патува во Италија?

Сепак, некои земји од ЕУ кои успеаја да ја задржат стапката на инфекции од вирусот на ниско ниво, почнуваат да ги тестираат „водите“. Погледнете го нашиот список на земји за кои досега знаеме „нешто“. Имајте на ум дека ваквите препораки/одлуки може да бидат повлечени, а најважно од се, како наши паметни патници на Кајак.мк ве е да се информирате постојано и да ги следите светските медиуми коишто се релевантни извори на информации, а да избегнувате да се информирате од фејсбук групи, статуси на ваши пријатели и слично. Тоа е доста важно за да донсете паметна одлука.


Boats docked at the harbour in front of Hvar Town ©DaLiu/Shutterstock

Хрватска
Хрватскиот министер за туризам „Гари Капели“ посочи дека камповите и хотелите коишто се наоѓат во „отцепени“, изолирани области може да почнат да се отвараат. „Скромното закрепнување би можело да започне во овие области, каде може да понудат изолација и приватност“, изјави тој за локалните медиуми.


Early morning sunlight above Kato Drys village. Larnaca District, Cyprus ©kirill_makarov/Shutterstock

Кипар
Кипарската влада соопшти дека „делумно“ ќе биде отворена за туристи на почетокот на јули, а ќе може да ја посетат само патници од земјите кои успеале да ја задржат стапката на инфекции на ниско ниво. Земји кои беа потенцирани се Данска, Норвешка, Исланд, Грција и Израел. „Се надеваме дека ќе знаеме за неколку недели дали и кога туристите ќе можат да доаѓаат“, рече заменик-министерот за туризам за Кипар, Саввас Пердиос


Fira town on Santorini island, Greece ©Zick Svift/Shutterstock

Грција
Грчкиот министер за туризам рече дека земјата ќе се подготви да ги пречека странските туристи од „избрани земји“ од јули. „Отворањето на границите е нешто за кое треба да се разговара со здравствените експерти и се надеваме дека тие ќе ни дадат зелено светло за да започнеме со постепено отварање на границите“, изјави Харис Теохарис за Би-Би-Си.


Beach Playa los Cristianos on Tenerife, Spain ©Aleksandar Todorovic/Shuttersto

Шпанија
Канарските острови на Шпанија би можеле повторно да бидат отворени за домашните посетители до 1-ви август, а со планови да ги пречекаат меѓународните посетители до октомври. Министерката за туризам Јаиза Кастила за локалните медиуми изјави дека сака да ги направи островите „светска лабораторија за безбедност на туризмот“.

ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: 8 промени што можеме да ги очекуваме во туризмот по COVID-19


Serdar Dincer

Турција
Турција ќе ги сертифицира туристичките дестинации без коронавирус, објави „Дејли њуз Хуриет“, повикувајќи се на изјава на министерот за култура и туризам. Според иницијативата на турската влада, сертификати за зона без коронавирус ќе бидат издадени на туристички места и одморалишта. „Процесот на сертификација веќе започна да ги идентификува овие области“, рече Мехмет Нури Ерсој за една приватната телевизија.


@fkaymak

ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Грција: Од 1-ви јуни се отвaраат угостителските објекти
Црна Гора

Улцињ би можел да биде пожелна дестинација за туристите од регионот по олабавување на мерките за справување со коронавирусот, велат туристичките работници, додавајќи дека очекуваат гостите да пристигнат во јули и август. Директорот на Организацијата за туризам во Улцињ, Фатмир Ѓека, изјави дека е оптимист во врска со туристичката сезона, пренесува МИНА. „Уверен сум дека во јули и август ќе имаме туристи. Улцињаните се вредни и многу брзо ќе се подготват за сезоната. Во случај на отворање на границите, предност ни е што сме лесно достапни за туристите од регионот, кои минатата година сочинуваa повеќе од 70 проценти од вкупниот број на туристи“, рече тој.


@polina_art

Албанија
Албанската Влада му достави на Парламентот предлог-одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата до 23 јуни, поради создадената состојба со Ковид-19. Ова значи дека во сила и понатаму ќе бидат преземените мерки за спречување на ширењето на опасниот коронавирус. Владата вонредна состојба поради „природна катастрофа“ на целата територија на земјата, прогласи на 24 март и тоа  за период од 30 дена,што значи до 25 април.

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Грција разгледува нови мерки за поголема заштита на туристите!




Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците

Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.

10 најубави панорамски патишта во Македонија што секој турист треба да ги доживее

Откријте ги најубавите панорамски патишта во Македонија. Од Галичица и Маврово до Мариово и Беласица, ова се 10 road trip рути што нудат незаборавни пејзажи и автентични доживувања.

Лето во Македонија: сезонско овошје, домашна зимница и традиционални вкусови

Откријте како летото во Македонија е поврзано со сезонско овошје, домашна зимница, џемови и традиционални рецепти кои се дел од автентичниот рурален живот.

Летен одмор во Македонија 2026: Скриената алтернатива на скапите медитерански дестинации

Македонија станува сè поатрактивна за летен одмор во 2026 година. Охрид, Преспа, Маврово и Берово нудат мир, природа и пониски цени во споредба со Медитеранот.

Неделно откритие од Македонија: Бонче – Кралската гробница под Селечка Планина

Откриј ја Бонче – Кралската гробница кај Селечка Планина во Пелагонија. Антички локалитет од IV век п.н.е. кој ја открива моќта и историјата на стара Македонија.