27.12.2022

Нашата мала семејна винарија има добиено повеќе златни медали што ни дава дополнителна мотивација

Нашата мала семејна винарија има добиено повеќе златни медали што ни дава дополнителна мотивација

Во Кајак.мк имаме една изрека која постојано ја користиме, а таа е дека малите винарии се иднината и душата на македонското вино. Особено ако се земе фактот дека при производство на виното е вложено многу труд, љубов и грижа за секое шише вино да ја добие својата автентичност и секое шише да ја раскаже приказната за трудот посветен на виновите насади.


Во бакалницата на Кајак.мк може да се најдат многу мали семејни винарии, чии вина вреди да ги нарачате и дегустирате. Секое купено шише вино значи поддршка и мотивација на винариите да продолжат со нивниот вложување во квалитетно вино кое еден ден ќе биде амбасадор на Македонија.

  • Денеска ќе ве запознаеме со „Винарија Бошков“ чии сорти вино можете да ги нарачате со еден клик ОВДЕ.


Разговаравме со Горан, човекот кој стои позади брендот „Бошков“, а кој за Кајак.мк ги раскажа почетоците на винаријата која е официјално регистрирана во 2021 година.

Горан вели дека денеска произведуваат вино од сортите Темјаника, Вранец, Смедеревка, Р’кацител, за кои вели дека е тешко да се каже кое вино ги прави најмногу горди, но истакнува дека на последниот натпревар на млади вина, нивната Смедеревка добива злато, Вранецот сребро, а Темјаниката бронзен медал.


Македонската плодна почва им овозможила да произведуваат квалитетно грозје, вели Горан. Особено Тиквешки регион кој е синоним за производство на најквалитетното грозје и вино. Традиција во фамилија Бошкови ја пренесуваат на 4 генерации, а веќе петтата генерација од мали нозе се обучува за тоа како да произведе добро вино, маџун, ракија и мастика.

Денеска, семејна винарија Бошков има капацитет на производство до 4000 литри вино кој во иднина имаат планови да го зголемат.


Вина кои ги произведуваат се : Темјаника, Вранец, Р`кацител, Смедеревка и Розе Куве. Сето вино е произведено од сопствени лозови насади кои се наоѓаат на неколку микролокалитети низ Тиквешијата. Дел се во атарот на село Камен Дол, дел во село Сирково и најголем дел во атарот на село Мрзен Ораовец од каде и потекнуваат предците на фамилијата. Вкупната површина под лозови насади изнесува 5 хектари. Со многу внимание, труд и љубов ја пренесуваат традицијата на најмладите кои се 5 –та генерација. Како мала винарија имаат свои визии и планови за понатамошен развој како на виновите насади така и на семејна винарија.

Доколку сакате да нарачате од виното на винарија Бошков, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Даниела Jовановска

    27.12.2022 15:10

    Sekoja cest odlicno vino ,Bravoo

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!