12.06.2021

Престојувајте во Конак на 1050 метри надморска височина

Престојувајте во Конак на 1050 метри надморска височина

Од денеска базата на Кајак.мк се проширува со уште едно сместување на конак кој е на надморска висина од 1050 метри. Нашиот тим ве запознава со домаќинката Елена која ги отвори своите врати за нашите туристи во нејзиниот конак кој се наоѓа на планината Враца, на шарпланинскиот масив, непосредно до Долно Јеловце.


Во склоп на конакот има и ресторан кој нуди прекрасен поглед кон гостиварската котлина и кон градот Гостивар кој е на 10 километри од конакот. Конакот е на идеална позиција, бидејќи може лесно да се посети со кола. Оддалечен е на 7 километри од регионалниот пат Скопје- Охрид.


Областа е доста атрактивна поради опкруженоста од густа шума. Доколку залутате низ шумата на кратка прошетка, може да се сретнете со клукајдрвец, да се измиете или напиете планиска свежа вода, вели Елена. Воедно нејзина препорака е да го искачите врвот „Рамен Камен“. Околината според Елена, е идеална и за собирање чај или шумски овошје во зависнот од периодот.


Ни доаѓаат топли денови, па затоа сакаме да потенцираме дека собите во конакот се доста ладни и во најжешките месеци. Елена вели дека во моментот располагаат со две соби, а останатите три се во фаза на реновирање.


Доколку сакате повеќе информации за сместувањето, цени и фотографии, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!