31.01.2023

Предлог викенд гастро дестинација: Село Владимирово во ресторанот Бастион

Предлог викенд гастро дестинација: Село Владимирово во ресторанот Бастион

Уште еден предлог за викенд гастро дестинација на платформата Кајак.мк. Дали некој од вас слушнал за ресторанот Бастион во селото Владимирово? Сигурно ќе имаме доста одговори со „Да“ бидејќи „Бастион“ е ресторан-амбасадор на село Владимирово.

За оние кои немаат слушнато за село Владимирово треба да го додадат ова ридско селце на листата за посети во 2023-та година.


Сместено е во општина Берово на надморска височина од 850 метри. Од самиот град Берово е оддалечено 8 километри со кој е поврзан со локален пат. Во селото ќе го најдете прекрасниот ресторан Бастион, каде може да ја вкусите гастрономската традиција на Малешевијата.


Ресторанот има топол и прекрасен ентериер. Пријатна и тивка атмосфера со одличен персонал. Менаџментот на ресторанот верува дека храната треба да биде вкусна, а не само да се јаде. Од тие причини ресторанот има свое мени со автентични специјалитети, комбинации од најдоброто од традиционалната македонска кујна со модерни пресврти.


За оние кои ќе се одлучат да го посетат ресторанот, тимот на Кајак.мк ги советува да нарачат традиционалана бастион даска како предјадење, а на која може да се најде малешевско овчо сирење, малешевско кравјо сирење, пиперка во кајмак, свинско од тегла и локални макала.

Како специјалитети на куќата се клисите. Можете да најдете најобични клиси, со праз, на плотна со кромид, па плотна со кромит и вргањ, а има и бургињон со свински бифтек.


За оние кои сакаат специјалитети по нарачка може да нарачат мазник (зелник) со праз, сирење и кисело млеко, а во ресторанот се подготвува и печено јагне, јаре и прасе.

Повеќе информации за точна локација, контакт за резервација и насоки преку мапата, можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Asparuh Kalasnikov

    03.02.2023 08:58

    Бургињон со бифтек - типично малешевско традиционално јадење :))) ц ц ц мкд мизерија

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.