Ресторан Бастион: Село Владимирово

Каде во Берово? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Како специјалитети на куќата се клисите. Можете да најдете најобични клиси, со праз, на плотна со кромид, па плотна со кромит и вргањ, а има и бургињон со свински бифтек.

Бастион се наоѓа во Владимиров, општина Берово на надморска височина од 850 метри. Од самиот град Берово е оддалечено 8 километри со кој е поврзан со локален пат.

Во селото ќе го најдете прекрасниот ресторан Бастион, каде може да ја вкусите гастрономската традиција на Малешевијата.

Ресторанот има топол и прекрасен ентериер. Пријатна и тивка атмосфера со одличен персонал. Менаџментот на ресторанот вели дека веруваат дека храната треба да биде вкусна, а не само да се јаде. Од тие причини ресторанот има свое мени со автентични специјалитети, комбинации од најдоброто од традиционалната македонска кујна со модерни пресврти.

За оние кои ќе се одлучат да го посетат ресторанот, тимот на Кајак.мк ги советува да нарачат традиционалана бастион даска како предјадење, а на која може да се најде малешевско овчо сирење, малешевско кравјо сирење, пиперка во кајмак, свинско од тегла и локални макала.

Како специјалитети на куќата се клисите. Можете да најдете најобични клиси, со праз, на плотна со кромид, па плотна со кромит и вргањ, а има и бургињон со свински бифтек.

За оние кои сакаат специјалитети по нарачка може да нарачат мазник (зелник) со праз, сирење и кисело млеко, а во ресторанот се подготвува и печено јагне, јаре и прасе.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар