Винарија Кукутанов: Радовиш

Каде во Радовиш?

Винарија Кукутанов се наоѓа во Радовиш.

Ова мала семејна винарија се наоѓа во Радовиш. Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна каде за почеток, фокусот е на добропознатото Шардоне, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар. Природни вина наменети за страсните љубители на винoто.

Климатските услови во Радовишката котлина се идеални за производство на хармонични вина поради изобилството на сончеви денови и постудените ноќи во периодот на зреење на грозјето. Во целокупниот производствен процес во винаријата, од приемот, преку примарната преработка, ферментацијата, до негата и зреењето, се обрнува големо внимание.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар