Винарија Грков: Село Крњево

Каде во Кавадарци? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Винарија Грков се наоѓа во подножјето на планината Кожуф, во селото Крњево на 26 километри од Кавадарци.

Винарија Грков се наоѓа во подножјето на планината Кожуф, во селото Крњево на 26 километри од Кавадарци.

Винаријата има капацитет од 1200.000 литри вино со можност за зголемување на капацитетот во иднина.

Сопствениците го започнаа процесот на градење на винаријата во 2004-та година, а повеќето лозови насади се засадени две години подоцна.

Секое вино е направено од сопствено грозје, од сопствена плантажа која самите ја одгледуваат. На самото брзо винаријата има ресторан наменет за дегусација со прекрасен поглед кон виновата лозја.

Вината на Грков созреваат во прекрасна винска визна која е отворена за посета. ВО 2007-та година, винската визба Грков започна и огранско производство на вино, што ја направи својата винарија прва во Македонија која произведува вино од органско грозје.

Винаријата се наоѓа на 550 метри надморска височина. Теренот на Крњево, како и климата овозможуваат совршени услови за висококвалитетно грозје како што е Пино Ноар, Мерлот, Каберне Совињон.

Насадите се од првокласен увозен материјал.

Квалитетот на грозјето зависи од карактеристичната клима која е мешавина од медитеранската клима под влијание на Егејското море на југ и континенталната клима која е под влијание на планината Кожуф од север.

Контат од винаријата: 043 400 565/ 023092641

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар