Ресторан Луле: Тиквешко Езеро

Каде во Кавадарци? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Ресторанот Луле се наоѓа на Тиквешко езеро. Доколку сакате да бидете гости во ресторанот ве молиме извршете телефонска резервација.

Нашата цел е да ви креираме бесплатни еднодневни викенд тури кои можете да ги реализирате во сопствена режија со вашето семејство, блиски пријатели и роднини.

Ресторанот е рај за љубителите на специјалитети од риба, но не се исклучува и скарата која се служи овде.

Ресторанот Луле се наоѓа во близина на селцето Ресава, а самиот предел е доста добар за пешачење во природа.

Во селцето можете да ја посетите црквата на Св. Архангел Михаил, да прошетате низ природата и по крајбрежјето на тиквешкото езеро, а денот да го заокружите во ресторанот.

Ние секогаш го потенцираме следното: Треба да бидеме гости кои ќе се научат да резервираат пред да посетат, затоа доколку сакате да стапите во контакт со ресторанот, контакт и точна локација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар