Бел Рај: Миравци

Каде во Гевгелија

На само 15 минути од село Миравци, во падините на Кожуф ќе го најдете излетничкото место именувано како „Бел Рај“. Ова атракција о е дел од Кајак.мк во базата на „Гастрономија“.

На само 15 минути од село Миравци, во падините на Кожуф ќе го најдете излетничкото место именувано како „Бел Рај“. Ова атракција о е дел од Кајак.мк во базата на „Гастрономија“.

Самиот пат кој води до „Бел Рај“ е авантура сама по себе. Ви препорачуваме да бидете внимателни со вашиот автомобил бидејќи наместа патото е тесен и е потребна поголема концентрација при возењето.

Со самото пристигнување на локацијата ќе наидете на стар мост за кој се вели дека е изграден за време на отоманското владеење. Мештаните го нарекуваат „Бел Мост“, а во непосредна близина на мостот има изградено ресторан кој го добива името „Бел Рај“.

Штом го поминете мостото од вашата десна страна ќе ве дочека една прекрасна глетка кон вир кој е резултат на реката која тече под мостот. На самата река се наоѓаат два вира кои се вистинска атракција за туристите, а редовни летни природни базени за локалното население.

Во висока сезона проблем претставува паркингот и гужвата која се создава од масовноста на туристите, но затоа пак, септември е месец кога треба да појдете овде.

Од самите почетоци на неговото работење „Бел Рај“ стана омилено место на луѓето со слободен дух, авантуристите, планинарите, велосипедистите и музичарите. Видеозаписот на „Слободен“ која е песна на познатата група „Ареа“ е снимен токму на ова локација. Покрај Ареа, на ова локација гостувале многу други музички имиња.

Што може да се виде во околината на „Бел Рај“:
-Брана „Калица“
-Брана „Габрово“

Договорете локални жители да ви организираат велоспедска тура!

Локални специјалитети кои може да ги најдете во селото:
-Смокви (Сезонски)
-Калинки (Сезонски)
- Локален Ајвар 
(Сезонско)

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар