Винарија Ерос: Село Марена

Каде во Кавадарци? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Контакт за резервација: 071 375 795

Сашко ни ја раскажа приказната за настанокот на винаријата, односно патот по кој чекорело неговото семејство.

По потекло се од село Бохула, кое се наоѓа од десната страна на реката Бошава и на надморска височина од 900 метри.

На своја 6 годишна возраст, неговиот татко Душко заедно со својата фамилија се доселува во село Марена каде гради куќа и започнува нов живот. По 30 години влог и работа во лозарството, Душко одлучува својата селска куќа во Марена да ја преуреди во мала винарија каде ќе го одгледува и преработува грозјето.

Денеска за малата семејна винарија се грижи неговиот син Сашко, кој добива поддршка и помош од своите блиски пријатели и роднини, а винаријата „Ерос“ има дострел од 12.000 литри вино во текот на една година.

Еден дел од лозовите насади се во сопственост на фамилијата на Сашко и се органски, а другиот дел се изнајмени. Сите ги одгледуваат и преработуваат на ист начин. За Сашко најважно е да го зачуваат и подобрат биодиверзитетот. Тој вели дека не ги третираат плевелите, тие се во симбиоза со лозата, што придонесува за зголемен број на инсекти и микроорганизми во почвата, а богата почва е здрава почва, со тоа и здрав производ.

Официјално започнуваат со работа од 2005-та година, а претходно произведувале вино за домашни потреби.

Денеска винаријата „Ерос“ е горда на својата палета која е составена од 10 вина и тоа Stellar темјаника, П'на месечина мускат отонел и Пилигрим совињон бел, која берба се одвива навечер. Овде се и „Талисман Жилавка, Шардоне суво и полуслатко, Ева Бела Станушина Розе Ева Станушина и Адама Црвена Станушина, како и Вранец со 16.5% алкохол. Начинот на производство е со минимални интервенции, а секое вино е со свој белег.

Во производството Сашко е заедно со неговиот татко што за него е одлична комбинација од стара школа и желба за експериментирање.

Сашко вели дека секој кој е заинтересиран за несекојдневна винска прошетка е добредојден.

Контакт за резервација: 071 375 795

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар

Коментари

  • kiril micevski

    23.09.2024 17:49

    vasiot vranec od 2022 e nezamenliv dali imate od taa rekolta