Macedonian wine: Vardarska Dolina, Negotino

Каде во Неготино? Chat on Viber Call on Phone

Доколку прашате некој кој слушнал за селото Курија близу Неготино, една од работите што ќе ви ја потенцира ќе биде винаријата Вардарска Долина која господинот Андон ја основа во 2000-та година.

За нас оваа винарија претставува амбасадор и промотор на Македонија, бидејќи е првата македонска винарија која стигнала до Рускиот пазар.

Винаријата „Вардарска Долина“ ја следи дамнешната традиција на овие простори, но исто така и модерната технологија која се повеќе се развива во овој сектор, а која технологија денеска и помога на винаријата да произведе капацитет од над 800,000 шишиња квалитено вино од сортата Шардоне, Траминец, Мускат Темјаника, Вранец, Каберне Совињон, Пинот Ноар и Мерлот.

Скоро 90 отсто од производството го пласира на изворните пазари како Русија, Германија, Чешка, Кандада, Бугарија, Хрватска и Србија, а останатиот дел на домашниот пазар.

Денеска, винаријата има свои насади на Траминец, Темјаника, Шардоне, Каберне Совињон, Каберне Франк кои се протегаат а површина од 18 ха, а покрај сопствените насади, винаријата соработува и со долгорочни добавувачи кои овозможуваат следење на растот, заштитата и задржување на квалитетот на грозјето.

Од винаријата „Вардарска Долина“ велат дека виното е резултат на искуството, традицијата и љубовта која е вложена од самото раѓање и развивање на винаријата и додаваат дека виното е наменето за луѓе кои имаат дух и за оние кои знаат да уживаат во убавото.

Телефонски број за контакт: 070 320 867

ЛОКАЦИЈА

Leave a Comment