Етно ресторан „Кај Мостот“

Каде во Мариово? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Етно ресторанот „Кај Мостот“ постои од 2015-та година, а Митко со угостителство се заминава веќе 30 години.

Етно ресторанот „Кај Мостот“ работи во текот на цела година со најава и резервација. Треба да имате предвид дека во него можете да вкусите традиционална храна која ја нуди мариовскиот предел, а тука спаѓа вршникот, лебот во фура, домашно подготвено сирење од домаќиините, салатите од нивните градини, виткалникот со сирење, пешиите со сирење и макалата со лук. За да може да се подготви храната во фурна на домаќините им се потребни скоро шест часа, затоа ги советуваат сите гости да го најавуваат и резервираат своето доаѓање, бидејќи ресторанот не користи класична скара, наместо тоа, ја подготвува храната на стар и традиционален начин.

Етно ресторанот „Кај Мостот“ постои од 2015-та година, а Митко со угостителство се заминава веќе 30 години. Името на ресторанот доаѓа од фамозниот мост кој честопати можете да го сретнете во филмовите на нашиот филмски амбасадор Милчо Манчевски.

Зовиќ е село кое се наоѓа на 685 метри надморска височина. Идеална дестинација за активен туризам како возење велосипеди, пешачење, а овде се и џип сафари авантурите за кои можете да добиете информации од домаќините на апартманите.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар