Винарија Илиев

Каде во Кавадарци?

Винарија Илиев

Денеска имаме чест да ве запознаеме со Стојан, човекот кој стои позади името на семејната винарија Илиев.

Стојан одвои дел од своето време да ја раскаже приказната за винаријата и да ги запознае читателите и патувачите на Кајак.мк со амбициозноста која ја имал неговиот прадедо уште пред 60 години.

Сето ова кое денеска се нарекува „Винарија Илиев“ започнало со одгледување на грозје. Прадедото на Стојан бил голем љубител на производство на вино и ракија. Стојан вели дека е дете кое израснало во земјоделска фамилија со долгодишна традиција, а веќе во 2005-тата година ваквата семејна традиција одлучуваат да ја крунисат со регистрирање на сопствена винарија во село Сопот, Кавадаречко и да го пуштат во продажба своето прво вино.

Винаријата Илиев е мала семејна винарија која е лоцирана во Тиквешкиот вински регион и се занимава со производство на високо квалитетно вино од сортите Темјаника, Рајнски Ризлинг, Совињон Бланк, Розе, Кабенре Совињон и Сирах. Сите произведени од сопствено грозје. Годишно произведува 10.000 литри вино, а цел на винаријата е количина од година во година да се зголемува. 

За најзначајно вино би го одбрале Розе виното, кое е најпродавано. Се разбира тука се и Темјаниката и Ризлингот, а од црвени Каберне Совињон.

Винарија е лоцирана во најпознатиот вински регион во Македонија (Тиквешкиот регоион)  односно во село Сопот- кавадаречко. Да се посети Тиквешијата, а да не се прошетаат големите плантажи со лозја и непцата да не го почувствуваат слаткиот вкус на виното, речиси и да е невозможно.

Денеска, на чело на винаријата е Стојан, а ветер во грб е неговиот татко Димче, кој е исто така искусен познавач на виното и лозарството.

Стојан е студент на технолошко металуршки факултет во Скопје, насока- прехрамбена технологија, се со цел да го збогати своето знаење во делот на производството и да ја продолжи семејната традиција во производство на вино на едно повисоко ниво.

Моментално винаријата не прави понуди за дегустација или посета на винаријата, но ако некој се наоѓа во околината и сака да ја посети може да дојде и да се запознае со винаријата и да ги дегустира вината.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар