Винарија MG: Кавадарци

Каде во Кавадарци? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Контакт: Телефон: 070-253-465 – Митко Гечев ; 070-215-076 – Христина Гечева E-mail: [email protected]

Иако оваа винарија е мошне млада, фамилијата Гечеви има богата вековна традиција на производство на вино, а првите записи за оваа фамилја како едни од првите доселеници на град Кавадарци датираат уште од далечната 1673 година.

Винарија MG ја обновува традицијата на производство на вино во 2017 година и нејзино првенче е црвено вино од сортата „Cabernet Sauvignon”. Со ова вино е освоена и првата награда, бронзен медал на натпреварот за млади вина во Кавадарци. Оваа прва и особено важна награда служи како огромен мотиватор за унапредување на винаријата.

Веќе во 2018 винаријата MG, на наптреварот за млади вина, винартијата ја освојува престижната награда „Grand Prix Platinum”, за вино од сортата „Merlot”, а огромен успех MG постигнува и со своите извонредни бели вина, особено „Temjanika” и „Sauvignon Вlanc”.

Во 2021 година, на наптреварот за млади вина, се издвојвуаат со две повисоки награди на вино од сортата „Temjanika” со наградата „Gold”, а со вино од сортата „Sauvignon blanc” добиена е „Grand Gold”, големо злато. Во 2022 година, на натпреварот за млади вина, награда „Gold” освојуваат вина од сортата „Temjanika”, „Sauvignon blanc”, „Merlot” и „Cabernet Sauvignon”, а оваа година како најдобро вино на натпревар за бели вина е единственото ,,Chardonnay”.

Денес винарија MG произведува 10 различни сорти на црвени, бели и розе вина. Merlot, Vranec, Cabernet Sauvignon, Temjanika, Chardonnay, Sauvignon Blanc, Belan (Grenache Blanc), Rkaciteli, Stanushina, Melnik.. Вкупниот капацитет на винаријата изнесува 10.000 литри.

Винаријата е сместена во нов објект со површина од 700 m2, со современа опрема. Освен вина, винарија MG асортиманот го надополнува својот асортиман и со вињак од 2020 година и со кој има освоено сребрен медал на меѓународен фестивал за жестоки пијалоци „Златни чокањ“ во Зеница, Србија, во 2022 година.

Винарија MG е активен член на здружението на винарии „Винотек“ како и винскиот музеј на град Кавадарци, лоциран во срцето на градскиот парк. Во овој музеј може да се вкусат вината на кавадаречките винарии како и одблиску да се запознае историјата на производство на вино во Тиквешијата. Љубовта кон производството на вино, како и успесите кои винаријата ги нижи се огромен мотив за понатамошно унапредување. Нашите цели се винарија MG да прерасне во водечка бутик винарија во регионот.

Христина вели дека сите љубители на чаша квалитетно вино, изработено со многу љубов, се добредојдени да ја посетат винаријата и од прва рака да ја чујат историјата за вековната традиција на производство на вино во Тиквешијата.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар