Винарија Сарика

Каде во Прилеп?

Сарика е мала семејна винарија со капацитет до 5600 литри вино, а официјално е регистрирана во 2020-та година.

Сарика е мала семејна винарија со капацитет до 5600 литри вино, а официјално е регистрирана во 2020-та година.

Гоце кој е лозар и винар, за себе вели дека продолжил да ја гради приказната која ја започнал неговиот прадедо, дедо и татко. Виното во неговото семејство се правело на традиционален начин со рачна машина за мелење грозје и сите сорти кои ги одгледувале ги ставале во дрвени бовчи кои се користете како комињарници за домашни потреби.

Денеска Гоце вели дека има софистицирана опрема која му ја олеснува работата, а со тоа се стреми малото производство да го зголемува до година во година. Најважно од се е да задржи производството на високо квалитетни вина.

Етикети кои се застапени во Сарика се Вранец, Прокупец, Пловдина, Мускат и Сарика бело (Жупјанка и Ркацители).

Најважно од се е фактот дека тој се уште користи грозје од сопствени лозови насади од прилепско виногорје. Вината се овошни со изрзита свежина и високи киселини поради големата надморска височина од околу 730 метри.

Во иднина има во план да учествува на повеќе меѓународни натпревари со цел да потврди дека и прилепскиот регион е поволен за производство на премиум вина.

Нарачај ОВДЕ.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар

Коментари

  • Nikolce Trajkoski

    01.11.2022 18:01

    Поддршка за сето ова што го правите,и дали има можност за купување на вино од кај вас,а и ракија доколку правите..