Винарија „Манастир“: Село Опеница

Каде во Охрид Разговарај на Viber Јави се на телефон

Контакт за резервации: 078474656 или 072232226

Село Опеница е нашата нова гастро дестинација која мора задолжително да ја посетите, а причината поради кое го сугерираме ова е новата винарија „Monastery Winery“ или „Манастирска Винарија“ која е отворена за посетители во 2019-та година. Основачи на винаријата се Стефан Кочоски и Димче Ѓорѓиески.

Базата Гастрономија на Кајак.мк се збогатува со уште една одлична дестинација, која го добива своето име по манастирот кој е во непосредна близина на винаријата Манастир „Св. Кузман и Дамјан“. 

Ова е мала винарија, ги воодушевува гостите кои ја посетуваат. Има скромна и многу добра приказна. За оние кои не биле низ виногорјето на Опеница, природата дополнително ги воодушевува. Опколени со многу шума низ која има патеки за планинарење и кампување, прекрасен амбиент и одличен ентериер со разни буриња. 

Нашиот тим разговараше со домаќините на винаријата кои за Кајак.мк велат дека ја одбрале локацијата поради изобилството на специфична енергија, мирот и убавината.

Семејството кое стои позади винаријата се заминава со винарство со години наназад и денеска е гордо што вековната традиција може да ја претстават пред гостите. Во моментов располагаат со насади како Вранец, Семијон, Хамбург, Кабернет, Мерлот, Темјаника и други. Вековното искуство и работата на лозовите насади сега го точат во повеќе сорти. 

Дел од грозјето со кое произведуваат вино е од тиквешиот регион, а дел е од охридско- струшкиот регион. Од белите вина како локално вино го имаат „Семијон“ кој е растен на солидна надморска височина, зреен во барик француски буриња и за многу од гостите е одлично вино.

Покрај виното, тие произведуваат и ракија, бела и жолта, а се прави и ликер од аронија, за кој пијалок велат дека е популарен кај женската популација. За сите пијалоци има и соодветна храна која ја парираат за време на дегустациите. Овде се различни млечни и месни даски.

Винаријата може да се пофали со годишно производство на околу 10.000 шишиња вино.

Сите сорти вино се произведуваат на едноставен начин со минимална употреба на современи средства. Овде може да најдете 10 различни сорти на вино, чие производство е на традиционален начин наследен од предците.

Винаријата располага со прекрасен отворен дел кој има капацитет за 80 гости. Овде може да се дегустира вино преку целиот ден и да се ужива во прекрасната природа. Освен отворениот дел, винаријата располага и со затворен простор кој има капацитет за 20 гости.

Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

За оние кои за првпат слушаат за селото Опеница, ова селце се наоѓа во Општина Охрид. Селото е недалеку од патот Охрид - Ресен, на 10 километри североисточно од Охрид. Надморската височина на селото е 770 метри.

Контакт за резервации: 078474656 или 072232226

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар