Винарија Јаковлевски: Кавадарци

Каде во Кавадарци? Разговарај на Viber Јави се на телефон

КОНТАКТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА: 075480478

Денеска, ќе ви ја раскажеме во кратки црти приказната за „Винарија Јаковлевски“, а за која можете да дознаете многу повеќе доколку се одлучите да ја посетите.

Горан вели дека традицијата на одгледување грозоје и производство на вино во неговото семејство започнала во 1975-та година, кога неговиот дедо ги издигнал сопствените лозови насади со сортите Смедеревка и Станушина. Истите лозови насади денес ги одгледува неговиот син, што калкулацијата ни говори дека точно четири генерации водат грижа за винската приказна.

Површината со лозови насади ја зголемуваат од година во година, а со тоа го зголемуваат и капацитетот на винаријата. Денеска огледуваат и Вранец, а за сортата Темјаника вршат откуп од домашни производители. Горан вели дека грозјето кое го откупуваат е од внимателно избрани лозови насади, лоциран во тиквешкото виногорје, пред се од атарот на селата Манастирец, Гегниште, Ресава и Камен Дол.

Покрај производството и продажбата на вино, Горан е и долгодишен борец за подобрување и олеснување на работата на индивидуалните производители на вино или на малите семејни винарии. Тој е претседател на здружението „Тиквешки семејни винарии“, а заедно со другите членови на здружението работат на развојот на винската култура и на винарството во државата. Среќен е што успееле здружени да издејствуваат во промената на „Законот за вино“  со кој се дозволи регистрација и работа на мали семејни винарии. Ваквата промена на законот како на Горан, така и на многу мали произведувачи на вино им овозможи да ги отворат своите винарии и да ја шират приказната за виното во Македонија.

Од виното кое го произведува „Винарија Јаковлевски“ посебно се истакнува моќниот Вранец, темна црвена боја, силни природни ароми на шумско овошје и пријатни меки танини. Често се случува луѓе кои инаку не го сакаат виното да го пробаат и едноставно да се воодушеват од него. За ова вино, винаријата има добиено повеќе признанија, како златен медал на „Балканскиот вински натпревар“ и фестивал и платинум награда на натпреварот во Солун.

Од нивните лозови насади кои се стари 50 години успеваат да произведат „Станушина Розе вино“ која е единствена автохотона македонска сорта на грозје, за кое вино повеќе интерес покажуваат гостите од странство отколку македонските конзументи. Што се однесува до летниот период, поголем интерес има за белите вина како Темјаника, Траминец и Бианка Куве кое е вино што освежува.

Горан вели дека во проидзвоството на вино се обидува да го искомбинира традиционалното со современото и да го применувам сè она што го научил од неговиот дедо, но и постојано се консултира со врвни енолози од кои учи нови работи.

Со години неговото вино го продаат од прагот, па многу редовни муштерии со нетрпение очекуваат што ќе донесе новата реколта, но виното го има и во ресторани и продавници специјализирани за вино низ Македонија.

Покрај продажбата, Горан вели дека се организираат и викенд дегустации во семејната винарија од рана пролет до крајот на летото. Многу често ги посетуваат вински љубители кои имаат можност да ги пробаат сите сорти вино и да се опуштат.

КОНТАКТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА:  075480478

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар