Герчки Рид: Село Жировница

Каде во Маврово Разговарај на Viber Јави се на телефон

Герчки Рид: Село Жировница

Гречки Рид е уникатна гастро дестинација која Кајак.мк ја додава во својата база. Можете да ја посетите во текот на цела година, но имајте предвид дека преку зима, пролет и лето треба да имате претходна резервација минимум 2 дека пред посетата. Гречки Рид е идеален за тим-билдинг патување или фамилијарни посети. Ова го велиме бидеќи објектот не работи постојано (освен јули и август), а може да ви гарантира одлична приватност преку лето, есен и зима. 

Гречки Рид е локална дестинација за уживање и релаксација со традиционални локални специјалитети кои најчесто ја користат жителите на село Жировница.

На 19 километри од Мавровското езеро по самиот тек на реката Радика од самата десна страна на патот кој води кон Дебар, ќе наидете на прекрасна дрвена куќарка со отворен летниковец на која пишува „Добредојдовте во село Жировница“.

Домаќините на Гречки Рид велат дека се расположени за посета преку цела година, но гостите треба да знаат дека резервацијата е задолжителна. Активни се преку летната сезона кога околината е зелена и кога луѓето бараат локации каде би можеле да уживаат во текот на летниот перид.

Самото село Жировница во превод значи „Село со многу воденици“, затоа овде можете да најдете голем број на валавици и воденици кои жителите ги изградиле по течението на Валавичарската и Таироската река.

Гастро дестинацијата е на надморска височина од 912 метри, во самото подножје на Дешат и Кораб. Гречки Рид можете да го комбинирате со престој во уникатниот планински дом кој што се наоѓа на говедарницата, а кој можете да го погледнете и резервирате ОВДЕ.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар