Рибен ресторан: Елита

Каде во Гевгелија Разговарај на Viber Јави се на телефон

Рибниот ресторан се наоѓа на патот помеѓу Богданции Дојран, на 7 километри од Богданци. Отворен е 2005-та година и опстојува до ден денеска.

Она што го прави уникатен ресторанот е самото езерце кое е изградено на коритото на постоечката река „Луда Мара“, а кое е наследство на повеќе генерации на фамилијата и е симбол за успешност во работата.

Фамилијата Тодорови од Богданци кои менаџираат со ресторанот низ годините успеале да ја пребродат пандемијата од Ковид-19, да се соочат со најголемата криза и да му пркосат на фактот дека во Македонија има мал број на успешни приказни.

Денеска, гостите во ресторанот може да вкусат свежа риба, овде ги вклучуваме крапот, пастрмката, лососот, бранцин и орада, додека од скара може да се вкуси речиси се што имаат и останатите ресторани.

Како специјалитети на кујната се издвојуваат „Млечка од Крап“ и „Димен Крап“ кои ги подготвува ресторанот. Димениот крап се прави во специјална просторија на дрва од слица, брест и даб.

Воедно треба да знаете дека фамилијата Тодорови повеќе од 100 години произведува домашна ракија, мастика, црно, бело и розе вино кои може да се дегустираат во ресторанот.

Внатрешниот дел е со капацитет до 55 гости, додека пак летната тераса е за 70 гости.

Контакт за резервации: 070 88 11 46- Кристијан 071 60 20 43- Миле

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар