Штета е да појдете во Пехчево, а да не го посетите ресторанот со најдобра локална храна
Во Пехчево има
една гастро дестинација која дефинитивно треба да биде на вашата листа за
посети. Тимот на Кајак.мк ве советува да го посетите ресторанот „Тропик“ којшто
се наоѓа во самиот центар на градот.
Нема ништо подобро
од кујната на ова локално ресторанче во кои се служат разни локални
специјалитети, скара, а за гостите кои сакаат да се опуштат со чаша повеќе
црвено вино, а притоа да не треба да возат назад, имајте предвид дека самиот
објект има и сместувачки капацитет.
Овде можете да
пробате многу локални специјалитети, а ние ви ги издвојуваме овчото сирење од
село Негрево или за домашната јавност познато како „Беровско сирење“, исто така
овде се и питите, баничките, разните локални макала и вкусните месни
специјалитети во фурна.
Имаме уште многу што
да пишуваме за ресторанот, но дефинитивно најдобрата приказна ќе ја слушнете
доколку го посетите самото место.
ЛОКАЦИЈА