Persimmon Rakija: Стојаково

Каде во Гевгелија Разговарај на Viber Јави се на телефон

Тимот на Кајак.мк трага по локалците кои произведуваат разни уникатни производи, а кои произведувачи се почесто ги вклучуваме во нашите друштвени и тим-билдинг патувања низ Македонија.

Тимот на Кајак.мк трага по локалците кои произведуваат разни уникатни производи, а кои произведувачи се почесто ги вклучуваме во нашите друштвени и тим-билдинг патувања низ Македонија.

Денеска сакаме да ве запознаеме со Костадин Воданов, првиот човек во Македонија кој произведува ракија од јапонско јаболко. Костадин е дел од нашите програми за тим-билдинг патувања во регионот на Дојран. Покрај Мандрите на кои можете да ручате со вашите колеги, специјалитетите од печена риба на трска, југот на Македонија може да ви понуди и дегустација на разни алкохолни пијалоци.

Костадин Водванов вели дека идејата дошла сама по себе од желба да се создаде нешто ново. Во изминатите пет години експериментирал, а веќе минатата година со повеќе труд успева да со создаде идеалниот рецепт. Денеска тој има машина која го дроби и меле плодот, како му го преработува во смеса која подоцна одлежува.

Костадин својата ракија ја произведува во Стојаково. Од Богданци набавува обична јаболка, а има свои насади од 300 садници јапонско јаболко. Произведува ракија од чиста јаболка, од јапонска јаболка и микс од двете јаболки.

Производниот процес е сличен како и процесот на производство на други видови овошни ракии, од берењето, фрементацијата, дестијацијата, одлежувањето и се до додавањето на вкусови.

Костадин вели дека вкусот е уникатен и дека добивал многу пофални зборови од своите блиски пријатели и од купувачите.

Покрај пофалните зборови, Костадин веќе се закитил со неколку награди и признанија. Една од повеќето награди ја добил на манифестацијата „Чувари Традиције“ која се одржува во областа Апатин во северна Србија, настан на кој се промовираат разни ракии од повеќе земји учесници. Овде добива прва награда за најдобра „Лозова Ракија“.

Купете ракија со еден клик ОВДЕ.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар