Тури со коњи на Калин Камен
1,200.00 ден
Тури со коњи на Калин Камен. Селектирајте го датумот на кој сакате да реализирате тура и пишете за колку лица станува збор. Очекувајте одговор за слобден термин и вкупна цена на мејл и на смс.
Вклучено во цена:
- Цените се истаканти во опис
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до стартната точка
- Храна
Закажете ја вашата рутa за јавање коњи низ недопрена
природа, богата со букова и елова шума, и уживајте во неверојатниот хоризонт на
Осоговието. Турите се реализираат на локацијата Калин Камен.
Калин Камен е природна локација во Осоговскиот регион, која
се наоѓа во близина на граничниот предел помеѓу Македонија и Бугарија. Овој
простор е познат по својата недопрена природа, што го прави идеален за
љубителите на пешачењето, јавањето коњи и природните убавини.
Се смета за популарна дестинација за различни активности
како што се планинарење, јахање и лов, и се користи како место за организирање
на различни тури, вклучувајќи и оние за јавање коњи. Локацијата е достапна и за
организирање на приватни тури, кои им овозможуваат на посетителите да се
поврзат со природата и да се релаксираат во оваа убавина.
Овие тури се идеални за групи до 10 лица, но се погодни и за
индивидуалци кои сакаат да доживеат адреналин.
Нашата организација располага со повеќе од 10 опремени,
мирни коњи со седла и два асистенти, кои ќе ви помогнат во секој момент.
ЛОКАЦИЈА