ТРИДНЕВНА ТУРА ОД СКОПЈЕ - АВТЕНТИЧНА МАКЕДОНИЈА
ТРИДНЕВНА ТУРА ОД СКОПЈЕ - АВТЕНТИЧНА МАКЕДОНИЈА. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Цена по лице: од 300 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
- Трансфер (Скопје-Македонија (региони)-Скопје)
- Лиценциран туристички водич
- Сместување
- Храна
- Влезници
- Домашна храна
- Посети на винарии и локални занаетчии
- Придружба/водство
Не е вклучено во цена:
- Лични трошоци (пијалаци, сувенири и слично)
- Осигурување за патување
- Дополнителни оброци
- Дополнителни активности или атракции што не се вклучени во основниот пакет
- Дополнителни ноќевања
ТРИДНЕВНА ТУРА ОД СКОПЈЕ - АВТЕНТИЧНА МАКЕДОНИЈА
Фокус: рурално, локално, вински туризам и занаетчии
Ова е тура за оние што сакаат да ја почувствуваат Македонија низ очите на локалното население.
Ќе поминеме три дена во рурални предели, ќе посетиме семејни винарии, занаетчии, и ќе бидеме дел од едноставен, но искрен начин на живеење.
Ќе се движиме низ помалку познати места, каде што луѓето сè уште те пречекуваат со ракија, погача и приказна.
Ќе запознаеш луѓе кои не се водичи, но знаат да водат – низ лозје, низ живот, низ историја.
Патувањето започнува и завршува во Скопје.
Ако сакаш вистински да ја почувствуваш Македонија, оваа тура е за тебе.
Пиши ни за повеќе информации и резервирај го своето место.
ЛОКАЦИЈА