Пешачка тура низ спомениците на Скопје – историја, култура и приказни од градот
6,000.00 ден
Доживеј го Скопје преку пешачка тура низ најпознатите споменици и историски локации. Запознај се со приказните за Александар Велики, Мајка Тереза, Св. Кирил и Методиј и други значајни личности, во автентично 2.5-часовно градско искуство.
Вклучено во цена:
- Цената на турата се движи од 90 евра за група
- Цената варира во зависност од големината на групата и се што сака групата да посети
- Кајак.мк ви нуди опција за прилагодена тура според ваш интерес
- Професионален локален водич
- Пешачка тура низ центарот на Скопје
- Посета на главните споменици и историски локации
- Раскажување локални приказни, факти и контекст за градот
Не е вклучено во цена:
- Влезници за музеи или објекти (доколку гостите одлучат дополнително да посетат нешто)
- Храна и пијалоци
- Лични трошоци и сувенири
- Трансфер до стартната точка и од завршната локација
Оваа пешачка тура ве води низ централното градско подрачје и старото јадро на Скопје, каде преку спомениците и архитектурата се раскажува историјата на градот од античко време до денес. Со локален водич ги откривате симболите на современо Скопје, како и скриените приказни зад секој споменик.
Прошетката ги поврзува модерниот плоштад со Старата чаршија и Скопска тврдина Кале, нудејќи целосна слика за културниот мозаик на градот.
Основни информации за турата
Времетраење: Околу 2.5 часа
Тип на тура: Пешачка градска тура со водич
Големина на група: Мала група за поинтимно доживување
Јазици: Англиски, германски, српски, бугарски
Погодна за: Индивидуалци, парови, мали групи и љубители на историја и култура
Клучни споменици и локации што се опфаќаат
Споменикот на Александар Велики на плоштадот
Меморијалната куќа на Мајка Тереза
Споменикот на Св. Кирил и Методиј
Историски објекти во Старата чаршија
Поглед кон градот од Скопска тврдина Кале
ЛОКАЦИЈА