Рурално гастрономско и велосипедско искуство во Македонија, во близина на Скопје
3,382.00 ден
Рурално гастрономско и велосипедско искуство во Македонија, во близина на Скопје. Резервирајте ja ова уникатна понуда во рурална средина, каде ќе може да уживате во вистинска приватна атмосфера. Доколку сакате да резервирате потребно е да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да резервирате и пишете ни за колку лица сакате да направите резервација. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор со вкупна понуда, по која можете да ја потврдите резервацијата. Практикувајте писмени резервации, така е посигурно за вас и за организаторите.
Вклучено во цена:
- Цената по лице е 55 евра
- Во опис на текстот е наведено се што е вклучено во цената
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата (Со можност да се организира од Кајак.мк)
Откријте ја руралната Македонија преку активно и автентично доживување кое ги спојува традиционалната селска кујна, возењето велосипед во природа и културното наследство, на само кратко растојание од Скопје. Во мирното село Умин Дол, ова искуство е совршено за гости кои сакаат локална култура, природа и лесна авантура.
Традиционален ручек во селско домаќинство во Македонија
Искуството започнува со традиционален домашен македонски
ручек, подготвен од локални селски домаќини со сезонски и локални
намирници. Ручекот се служи во автентичен селски амбиент, со топла и пријатна
атмосфера која го одразува вистинското македонско гостопримство.
Водена велосипедска тура и културна посета (120 минути)
По ручекот следува организирана велосипедска прошетка со
туристички водич низ и околу селото, при што ќе ја запознаете природата,
селскиот живот и локалната традиција.
Велосипедската тура вклучува:
- водена
велосипедска прошетка околу селото,
- посета
на етно музеј,
- посета
на стогодишна брвнара,
- раскажување
за локалните обичаи, историја и начин на живот.
Оваа активност нуди подлабока поврзаност со просторот и
културата, со умерено ниво на физичка активност, соодветна за рекреативци.
Што е вклучено во понудата?
Понуда 3 – Селски ОБЕД + Водена велосипедска и културна
тура
Традиционален селски ручек во домаќинство:
- 1
домашна ракија
- 1
сок
- Сезонска
домашна салата
- Главно
традиционално македонско јадење (според сезоната)
- Домашен
десерт
Дополнително:
- Водена
велосипедска тура со туристички водич
- Посета
на етно музеј
- Посета
на стогодишна брвнара
- Времетраење
на турата: 120 минути
Цена и услови
- Цена
по лице: 55 €
- Минимален
број на гости: 2
- Максимален
број на гости: 7
- Посети
со претходна најава
Локација
Село Умин Дол, во близина на Скопје
Идеална дестинација за активен рурален туризам, гастрономски и културни
искуства во Македонија.
ЛОКАЦИЈА