НОВО
Супер Домаќин

Рурално гастрономско и културно искуство во Македонија, во близина на Скопје

Skopje Цена од:

2,706.00 ден

Рурално гастрономско и културно искуство во Македонија, во близина на Скопје. Резервирајте ja ова уникатна понуда во рурална средина, каде ќе може да уживате во вистинска приватна атмосфера. Доколку сакате да резервирате потребно е да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да резервирате и пишете ни за колку лица сакате да направите резервација. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор со вкупна понуда, по која можете да ја потврдите резервацијата. Практикувајте писмени резервации, така е посигурно за вас и за организаторите.


Вклучено во цена:

  • Цената по лице е 44 евра
  • Во опис на текстот е наведено се што е вклучено во цената

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата (Исто може да се организира преку Кајак.мк)

Доживејте ја вистинската рурална Македонија преку уникатна комбинација од традиционална гастрономија и културно наследство, на само кратко растојание од Скопје. Во селото Умин Дол, опкружено со природа, тишина и автентична селска архитектура, ве очекува искуство што ги спојува вкусот, приказните и духот на минатото.

Оваа понуда е наменета за сите кои сакаат автентично локално искуство, далеку од масовниот туризам и блиску до традицијата.

Понудата вклучува:

1.      Ручек во селско домаќинство во Македонија

По пристигнувањето во селото, ќе бидете пречекани од локални селски домаќинки, кои со љубов и долгогодишно искуство подготвуваат домашен традиционален македонски ручек, користејќи сезонски и локални намирници.

Ручекот се служи во автентичен селски амбиент – двор или традиционална трпезарија, со дрвени маси, карирани чаршафи и топла, домашна атмосфера која потсетува на старите македонски семејни ручеци.

 

2.      Прошетка со туристички водич и културна посета (90 минути)

По ручекот следува организирана прошетка со туристички водич, за време на која ќе ја запознаете историјата, животот и традицијата на селото Умин Дол.

Прошетката вклучува:

  • посета на етно музеј,
  • разгледување на стогодишна брвнара,
  • раскажување локални приказни, обичаи и начин на живот од минатото.

Оваа прошетка нуди автентичен увид во македонското рурално наследство и е идеално надополнување на гастрономското искуство.

 

Што е вклучено во понудата?

Селски ОБЕД + Водена културна прошетка

Традиционален селски ручек во домаќинство:

  • 1 домашна ракија
  • 1 сок
  • Сезонска домашна салата
  • Главно традиционално македонско јадење (според сезоната)
  • Домашен десерт

Дополнително:

  • Прошетка со туристички водич
  • Посета на етно музеј
  • Посета на стогодишна брвнара
  • Времетраење на прошетката: 90 минути

 

Цена и услови

  • Цена по лице: 44 €
  • Минимален број на гости: 3
  • Максимален број на гости: 15
  • Посети со претходна најава

Локација

Село Умин Дол, во близина на Скопје
Лесно достапна рурална дестинација, идеална за еднодневна посета, гастрономски тури и културен рурален туризам.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар