Рурален туризам во Македонија – автентично селско гастрономско искуство во близина на Скопје
1,722.00 ден
Рурален туризам во Македонија – автентично селско гастрономско искуство во близина на Скопје. Резервирајте ручек во рурална средина, каде ќе може да уживате во вистинска приватна атмосфера. Доколку сакате да резервирате потребно е да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да резервирате и пишете ни за колку лица сакате да направите резервација. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор со вкупна понуда, по која можете да ја потврдите резервацијата. Практикувајте писмени резервации, така е посигурно за вас и за организаторите.
Вклучено во цена:
- Понуда 1 – Селски ОБЕД во традиционално македонско домаќинство
- 1 домашна ракија
- 1 сок
- Сезонска домашна салата
- Главно традиционално македонско јадење (според сезоната)
- Домашен десерт
- Цена по лице: 28 €
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата (може да ви се организира)
- Дополнителни нарачки и пијалоци
Доживејте вистински рурален туризам во Македонија, на само кратко растојание од Скопје. Во срцето на природата, опкружено со зеленило, овоштарници и тивки селски патчиња, се наоѓа селото Умин Дол – мало, мирно и автентично македонско село каде што времето тече побавно, а традицијата сè уште се живее секојдневно.
Ова искуство е идеално за странски и домашни гости кои
бараат автентично локално искуство, далеку од туристичките гужви и
блиску до вистинската Македонија.
Резервирајте
традиционален ручек во селско домаќинство во Македонија
По пристигнувањето во селото Умин Дол, ќе бидете пречекани
од локални жени – традиционални селски домаќинки, кои со љубов и
долгогодишно искуство подготвуваат домашен македонски ручек, како за
свои најблиски.
Сите јадења се приготвуваат со сезонски и локални
намирници, според автентични рецепти што се пренесуваат од генерација на
генерација. Ручекот се служи во традиционален селски двор или автентична
трпезарија, со дрвени маси, карирани чаршафи и природна атмосфера која буди
спомени од детството и старите македонски семејни собири.
Што е вклучено во понудата?
Понуда 1 – Селски ОБЕД во традиционално македонско
домаќинство
- 1
домашна ракија
- 1
сок
- Сезонска
домашна салата
- Главно
традиционално македонско јадење (според сезоната)
- Домашен
десерт
Цена по лице: 28 €
Автентично локално искуство – повеќе од оброк
Ова не е само ручек, туку целосно гастрономско и културно
доживување во Македонија. Ќе уживате во:
- мир
и тишина на македонско село,
- разговори
и дружење со локални домаќини,
- мирис
на свежо печен домашен леб и готвена храна,
- сенка
под дрвјата и чувство дека сте „кај свои“.
Искуството е совршено за љубители на традиционална храна,
странски туристи, мали групи, семејства, како и за сите
кои сакаат автентично локално искуство во природа, недалеку од Скопје.
Локација и организација
Локација: село Умин Дол, во близина на Скопје
Посета со претходна најава
Минимален број на гости: 3
Максимален број на гости: 15
ЛОКАЦИЈА