Приватна вила со базен и потполна изолација во близина на Марков Манастир
18,450.00 ден
Вила со базен во околината на Марков Манастир. Просторот се изнајмува од пролет до рана есен. Не нуди опција за ноќевање, туку само за еднодневен престој.
Вклучено во цена:
- Цена за 20 луѓе 300 евра по 15 евра од човек
- Цената е за еднодневно изјамување од 10:00 до 22:00 часот варијабилно по договор
- Цената варира во зависност од бројот на гости, должината на престој која се пресметува вкупно со самото уредување
- Логистика и поддршка од домаќините
- Опремен простор
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до просторот
- Храна и пијалоци
Кајак.мк ве води во подножјето на Водно, во близина на Маркова Сушица, каде до самиот брег на Маркова Река, се наоѓа една прекрасна вила која располага со простран двор и базен, опколена со густа шума, која ви нуди можност за еднодневна изолација во природа.
Домаќините на вилата нудат можност за изјамување на дворниот
простор, летната кујна и базенот за еднодневни уживања за цело семејство или
друштва.
Уникатниот приватен висечки мост наменет за гостите вилата ви овозможува вистинско доживување со самото пристигнување. Самиот простор има и надворешна фурна, тоалети, надворешна чешма со вода која не се пие и комплетна изолираност.
Неколку битни информаци за посторот:
- Просторот има летна кујна со магацин, надворешна фурна со печењара.
- Има летниковец над базенот и внатрешен дел со капацитет до 150 луѓе.
- Два тоалети машки и женски.
- Има маси и столици и лежалки покрај базенот.
- Надворешна чешма покрај базенот со вода која не е за пиење. Шанк во базенот што може да се приспособи по потреба со ладилници
- Во затворениот дел има шанк и отворен камин.
- За помали друштвени собирања се препорачува користење на пластика поради безбедност на гостите.
- Забрана за пиротехника.
- По желба просторот се декорира како сакаат гостите.
- Пристапот до местото е по приватен висечки мост за гостите и е пеш. Не препорачуваме преминување на реката со автомобил поради загадување на реката.
- Просотор е опремен со се што ви е потребно. Строго се забранува се што е забрането со закон. Од палење оган, факли, користење на музичка опрема која е приклучена во електрична енергија во близина на базенот, гласна музика согласно законот за дозволена јачина на звук.
- Просторот се изнајмува за дневни друштвени собиранки и прослави со престој до 22 часот.
Просторот не нуди можност за ноќевање, туку само за еднодневен престој.
ЛОКАЦИЈА