НОВО

Посета на Марков манастир и езеро Козјак на планината Јасен, Македонија: Полудневна тура од Скопје

Полудневна тура од Скопје со посета на Марков манастир и езеро Козјак на планината Јасен, Македонија. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-езеро Козјак-Марков манастир-Скопје)
  • Лиценциран водич
  • Ручек

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци

Полудневна тура од Скопје со посета на Марков манастир и езеро Козјак на планината Јасен, Македонија.

Езеро Козјак - најголемото вештачко Езеро во Западна Македонија сместено помеѓу Сува Гора и Јасен. Долго 32км, со растојание од брег до брег 400 метри. На некои места достигнува длабочина од 130 метри. Се наоѓа на надморска височина од 300 метри. Во езерото Козјак живеат девет видови на риби.

Марков манастир - Марковиот манастир се наоѓа во селото Маркова Сушица, на 18 километри од Скопје. Името го носи по Крали Марко, кој владеел во периодот кога бил изграден. Манастирот е активен уште од своето основање. Капијата на манастирот е изработена од масивно дрво, а веднаш од десната страна започнуваат манастирските конаци и помошни простории. Тука се наоѓаат фурна, казани за ракија, бунар со студена вода и стара воденица. Манастирот го носи името по Крали Марко, а црквата Св. Димитрија е изградена во 1345 година. Марковиот манастир бил значаен културно-образовен и книжевен центар во минатото. Книгите од манастирската библиотека и многу уметнички предмети се изгубени, а ракописи кои потекнуваат од манастирот се зачувани во различни институции.

Турата започнува во утринските часеви со поаѓање од Скопје на договорена локација.

Обезбеден е лиценциран водич со програма на повеќе јазици.

По посетата на езерото Козјак и Марков манастир обезбеден е ручек. 

Поаѓање назад кон Скопје во попладневните часеви.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар