Пешачка тура на планината Водно и посета на Милениумскиот крст: Скопје, Македонија
Пешачка тура на планината Водно и посета на Милениумскиот крст. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
- Трансфер (од хотелот до вашата избрана појдовна точка од пешачката патека и назад до хотелот)
- Планински водич со добро познавање на теренот и планината
- Карта за жичарата на Милениумскиот крст (доколку ја изберете како опција за назад)
Не е вклучено во цена:
- Ручек (опција да биде вклучен во цената)
- Пијалоци
- Лични трошоци
Пешачката тура на планината Водно започнува во раните утринските часеви.
Нашата цел е да стигнеме до врвот Крстовар, на височина од 1.066 метри, каде се наоѓа и Милениумскиот крст, кој е важен симбол за Македонија.
Во зависнот од вашата физичка спремност ние нудиме избор на повеќе патеки.
1. Село Горно Соње - врв Крстовар
Поаѓање од манастирот Св.Никола летен по густа пошумена патека.
2. Село Горно Нерези - врв Крстовар
Патека низ прекрасна зимзелена шума, која започнува од селото Горно Нерези, каде може да се посети и манастирот Св.Пантелејмон.
3. Град Црнче - археолошко наоѓалиште на Водно
Планинарска патека со благи нагорнини.
Посета на Милениумскиот крст.
Милениумскиот крст е еден од најголемите христијански крстови во светот, поставен на врвот Крстовар на планината Водно, над Скопје. Висок 66 метри, крстот бил изграден во 2002 година по повод 2.000-годишнината од раѓањето на Исус Христос. Тој е значаен симбол за православното христијанство и важен туристички објект во Македонија.
На самиот врв има прекрасен панорамски поглед на Скопје.
Ќе имаме доволно слободно време за фотографии, кафе, уживање во чистиот воздух.
Поаѓањето назад е околу ручек.
Дополнителни информации:
За пешачење на планина, важно е да бидете соодветно подготвени, бидејќи условите може да се променат брзо.
Еве што ви е потребно:
Основна облека:
Ветровка – за заштита од дожд и ветер.
Термална маица/пуловер – да ја задржите телесната топлина,
особено ако патеката е долгата или ако се движите на повисока надморска
височина.
Долги панталони – најдобро е да носите панталони од лесни,
брзо-сушливи материјали. Може да бидат и водоотпорни.
Капа или шал – за заштита од сонце или ладно време, особено
на повисоките делови.
Ракавици – ако планирате да пешачите на повисоки планини,
зимски ракавици може да се потребни.
Планинарски чевли – со добар антилизгачки ѓон и поддршка за глуждот, за да се избегнат повреди на нерамни површини.
Чорапи
Опрема - Ранец
Комфорно носење на вода, храна и дополнителна облека.
Препорачливо е да носите мал ранец за лесни планинарски
патеки, а поголеми за подолги или потешки излети.
Вода и храна:
Вода – понесете доволно вода, особено ако патеката е долга и
нема природни извори.
Енергенти – лесни грицки, како што се ореви, енергетски
барови или суво овошје.
Навигација:
Карта или GPS уред – корисно за да не се изгубите на
патеката.
Планинарски компас – во случај ако нема сигнал или за
поголема сигурност.
Прва помош:
Комплет за прва помош – вклучувајќи основни материјали како
ленти, антисептици, и лекови против болки или алергии.
Соларна светилка или фронтална ламба – ако патеката трае
долго и ризикувате да се вратите во темнина.
ЛОКАЦИЈА