НОВО

Лет со параглајдер над Скопје: Адреналинска атракција на Кајак.мк

Skopje Цена од:

3,999.00 ден

Лет со параглајдер над Скопје и Водно. Прочитајте најдоле во опис на текстот начин на резервација.


Вклучено во цена:

  • Опција 1 – Лет над Скопје од Водно
  • Цена: 3.999 денари
  • Опција 2 – Офроуд авантура + лет над Скопје
  • Цена: 4.888 денари

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до Скопје (доколку не сте од Скопје)

Денеска на Кајак.мк додаваме супер атракција за сите љубители на адреналин, височини и незаборавни доживувања!

Дали сакате да си подарите искуство кое ќе го паметите цел живот – или да изненадите некој близок со уникатен подарок ваучер? Ова е вистинскиот избор!

Лет над Скопје со параглајдер, со спектакуларен поглед и професионално GoPro снимање, е доживување кое комбинира слобода, возбуда и чист адреналин. Секој лет е безбеден, воден од искусни пилоти, а спомените засекогаш остануваат забележани на видео.


ИЗБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА АДРЕНАЛИНСКА АВАНТУРА

Опција 1 – Лет над Скопје од Водно

  • Организиран превоз до врв на Водно
  • Лет над Скопје со параглајдер
  • Вклучено професионално GoPro снимање

Цена: 3.999 денари

Опција 2 – Офроуд авантура + лет над Скопје

  • Организиран превоз
  • Офроуд искачување до врв на Водно од јужната, задна страна
  • Лет над Скопје со параглајдер
  • Вклучено професионално GoPro снимање

Цена: 4.888 денари

За љубителите на уште поголема авантура, од пролет ќе биде достапна и варијанта за лет од Скопска Црна Гора, веднаш штом временските услови ќе дозволат.

ПОДАРОК КОЈ ОСТАВА БЕЗ ЗБОР

Немате идеја што да подарите?
Со подарок ваучер за лет со параглајдер подарувате емоција, возбуда и приказна што ќе се раскажува!
Ваучерот може да се искористи во текот на цела година, во договор со временските услови. Можете да платите сега, а да го искористите во текот на цела година. (Со претходно утврдување на датумот со пилотите минимум еден месец пред реализација).


НАЧИН НА РЕЗЕРВАЦИЈА

Испратете ни барање преку Кајак.мк со кликнување на ИСПРАТИ БАРАЊЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА најгоре.

Доколку вие летате:

  • Селектирајте приближен датум кога би сакале да летате
  • Датумот може да се промени во зависност од временските услови, без да ви пропаднат средствата.
  • Селектирајте за колку лица сакате да резервирате
  • Пишете ни се што ве интересира и очекувајте одговор со вкупна цена

Доколку купувате подарок ваучер:

  • Селектирајте било кој датум
  • Во порака наведете име и презиме + телефонски број на лицето за кое е наменет ваучерот
  • По извршена уплата, ваучерот го изработуваме и ви го испраќаме во електронска форма, подготвен за печатење
  • Доколку сакате да го изненадите на домашна адреса, ние можеме да го испратиме ваучерот на адреса која ќе ни ја оставите вие откако ќе платите.



Подгответе се за лет, поглед од соништата и доза адреналин која се памети!
Резервирајте денес – доживејте нешто навистина посебно со Кајак.мк

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар