НОВО

Легендарната љубовна приказна на балканските Ромео и Јулија

Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Битола-Скопје)
  • Посета на куќата на Елени
  • Спомен куќата на Мустафа Кемал Ататурк
  • Музеј

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци

Елени Каринте и Мустафа Кемал Ататурк се познати како "Балкански Ромео и Јулија", а нивната неостварена љубов претставува една од најинтересните туристички атракции во Битола. Историски личности чија љубовна приказна оставила неизбришан траг во историјата на Балканот.

Во 1897 година, кога Ататурк бил млад кадет, ја запознал Елени, ќерка на познат трговец од Битола. Двајцата веднаш се заљубиле, но нивната љубов била осудена од општеството. Иако љубовта била искрена, семејството на Елени не ја одобрило врската и ја принудило да се омажи за друг.

Ататурк воден од својата политичка и воена кариера, никогаш повеќе не се вратил по Елени.

И покрај разликите и настаните што ги раздвоиле, и двајцата никогаш не заборавиле еден на друг.

По долг период, Елени му напишала писмо, кое ја изразува нејзината вечна љубов.

"До Кемал Ататурк, некаде и некогаш !

Поминаа толку години, а јас сеуште, секој ден, чекам абер од тебе. Ако некогаш го добиеш ова писмо, сети се и види ги солзите на хартијата. Годините си врват, овде сешто се зборува за тебе, нешто се случува. Ако го читаш писмово додека љубиш друга жена, искини го и прашај ја дали верува дека некоја си Елени Каринте од Битола, го потрошила цел живот за човек со кого била  само еден ден ? А, ако ја љубиш неа, како што јас те љубам тебе, не и кажувај ништо, нека биде среќна како што си ти ! Ако пак сеуште ја паметиш девојката од балконот и не љубиш друга, знај дека те чекам и дека ќе те чекам цел живот ! Знам дека ќе се вратиш, дека не си ме заборавил. Татко ми умре. Има цела година од оној ден од кога ме грабна од тебе, ме заклучи дома и не ме пушти цел месец. Не плачев, знаев дека џабе му се сите катанци и затвори. Човекот со кој тој сакаше да се венчам го видов само еднаш и ме праша дали ќе можам да го љубам ? А јас му реков: “Не, јас си го љубам првото либе!” И повеќе не го видов. Татко ми никогаш не ми прости, а ни јас нему. Не сум веќе млада и убава како тогаш…..
Цел живот во еден ден!
 
Вечно ќе те сака и секогаш ќе те чека твојата Елени Каринте."

Градот Битола денес го чува споменот на оваа љубов. Веќе подолго време, љубовта помеѓу Елени и Ататурк е во срцата на многу посетители, кои ја доживуваат како симбол на вечната љубов која никогаш не исчезнува, иако не може да се оствари.

Ако сакате да дознаете многу повеќе за оваа атракција, да ја посетите и да имате можност да го читате писмото на Елени, испратете ни барање на [email protected]

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар