НОВО

Кањонинг по Градешка Река во Битолскиот регион

Bitola Цена од:

6,765.00 ден

Доживеј кањонинг по Градешка Река во близина на Битола. 3–4 часовна авантура низ водопади, вирчиња и карпест кањон со искусни водичи и целосна опрема. Минимален број учесници по тура е 5 лица, а максимален 25 лица. Доколку ги исполнувате условите, испратете ни барање за резервација и ќе добиете понуда.


Вклучено во цена:

  • Цената по лице изнесува 110 евра доколку групата е помала
  • Доколку групата е поголема цента се намалува
  • Во цената е вклучен траспорт од Битола до Зовиќ и назад
  • Во цената е вклучена опрема:
  • Неопренско – водено одело 4mm (едноделно од врат до петици)
  • Алпинистички појас
  • Шлем
  • Останата техничка опрема (јажиња, карабињери, десендери и др.)
  • Во цената е вклучена и храна за време на турата
  • Професионален тим одговорен за реализација на цела тура
  • Фотографии

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт

Локација и амбиент
Кањонингот по Градешка Река се одвива во близина на Битола, во село Зовиќ, како почетна точка. Оваа локација нуди автентичен планински амбиент со шума, карпести предели и чиста планинска вода.

Опис на активноста
Турата ве води низ тесниот кањон на Градешка Река, каде се менуваат мали водопади, природни каскади и вирчиња со кристално чиста вода. Активноста комбинира пешачење низ шумски терен, движење низ воден тек и совладување на природни препреки создадени од самата река.

Како изгледа турата
Авантурата започнува во село Зовиќ, во близина на кањонот, каде учесниците добиваат кратка обука и основни инструкции за движење и безбедност. Потоа следи опремување со неопренско одело, шлем и заштитна опрема, по што започнува движењето низ кањонот.

Траење и формат
Турата трае околу 3–4 часа и е наменета за помали групи, пријатели, семејства и компании кои сакаат заедничко авантуристичко доживување во природа.

Ниво на тежина
Кањонингот е погоден и за почетници и не бара претходно искуство. Сепак, потребна е основна физичка подготвеност и комфор при движење низ вода и нерамен терен.

Безбедност и водство
Целата активност се изведува со искусни локални водичи кои го познаваат теренот и се грижат за безбедноста и текот на турата во секој момент.

Доживување
Ова искуство нуди ретка можност да се доживее дивата и недопрена страна на регионот околу Битола, во амбиент каде доминираат вода, карпа и шума – далеку од урбаниот ритам.

Опрема што ја обезбедуваме ние:

  • Неопренско водено одело (4 mm, едноделно – од врат до петици)
  • Алпинистички појас
  • Заштитен шлем
  • Сета техничка опрема (јажиња, карабини, десендери и друга безбедносна опрема)

Опрема што треба да ја носите вие:

  • Планинарски чевли или спортски патики (целосно ќе бидат мокри за време на турата)
  • Костим за капење
  • Крпа
  • Крема за сончање (по потреба)

Минимален број учесници по тура е 5 лица, а максимален 25 лица.

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ:

Секој учесник во кањонинг турата задолжително добива Изјава – писмо за предупредување, во кое детално е објаснета целата активност, можните ризици, како и планот за безбедност и евакуација. Документот мора да биде потпишан од секој учесник пред почетокот на турата, без исклучок.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар