СЕ ИЗНАЈМУВА ЗА ЕДНА ГРУПА НА ДЕН

Хербално-креативна работилница за возрасни

Skopje Цена од:

1,500.00 ден

Резервирајте хербално креативна работилница во село Бродец. Работилницата може да ја резервираат групи со мининален број од 8 лица. Селектирајте датум на кој сакате да се реализира работилницата и очекувајте одговор од организаторот.


Вклучено во цена:

  • Времетраење: 2 часа (11:00 – 13:00, флексибилно според договор)
  • Цена по лице: 1.500 МКД (вклучени материјали и закуска) за возрасни

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата

Хербално-креативна работилница: „Билки и уметност – Природна релаксација и креативност“

Локација: с. Бродец, Скопска Црна Гора
Времетраење: 2 часа (11:00 – 13:00, флексибилно според договор)
Цена по лице: 1.500 МКД (вклучени материјали и закуска)
Минимален број учесници: 8
Можност за приватни групи и тим-билдинг

Што е БИЛКИЛАЈФ?

Кајак.мк ве води во хербална куќа и центар за одржлив развој, социјално претпријатие кое дел од приходите ги реинвестира за инклузија на лица со попреченост во туризмот и економијата. Сместена во с. Бродец, оваа дестинација нуди уникатна хербална авантура со силна социјална и еколошка мисија.

Што да очекувате од работилницата?

Оваа работилница е наменета за сите кои бараат природна релаксација, креативност и поврзување со себе и со природата. Водена од ментори, во пријатна и зелена околина, ќе уживате во:

  • Креативна уметност со билки – сликање со природни материјали
  • Изработка на природни сувенири – уникатни рамки и декорации
  • Градинарска сесија – садење сопствена билка во саксија
  • Мини предавања и интеракција со лековити билки
  • Релакс-закуска – чаеви, билни десерти и домашни закуски

Кој може да учествува?

Работилницата е прилагодена за:

  • Постари лица
  • Лица под стрес
  • Љубители на билки и природа
  • Лица со попреченост (пристапност обезбедена)
  • Негуватели, професионалци во социјална и здравствена грижа

Пример програма (11:00–13:00)

  • Добредојде со чај и билки
  • Уметничка сесија со природни материјали
  • Изработка на билни сувенири
  • Закуска со чаеви и билни закуски
  • Садење билка со лично значење
  • Изложба, благодарници и фото-сесија

Бенефити:

  • Намалување на стрес и подобрување на фокусот
  • Креативна и сетилна стимулација
  • Поврзување со природата и социјализација
  • Поттикнување емпатија и личен раст

Резервирајте го вашето хербално искуство преку Кајак.мк – поддржете одржлив туризам и општествена промена!

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар