Авантуристички парк Скопје
Резервации и инфо: [email protected]
Вклучено во цена:
- Цените варираат во зависност од услугата
Не е вклучено во цена:
- Цените варираат во зависност од услугата
Не би се согласиле со луѓето кои велат дека во Скопје нема што да се прави во слободно време, а ни најмалку не би се согласиле дека скопјани не можат да бидат физички активни во нивниот град.
На ваквите табу теми му пркоси новиот „Адреналински парк“ кој е отворен за луѓето кои бараат место каде ќе може да го ослободат својот авантуристички дух, но и за луѓето кои бараат мирно и тивко место каде би можеле да го испијат своето кафе.
Месец март ни навестува нова пролетна и летна сезона. Период кога започнуваме да ги вадиме нашите спортски маички и шорцеви и да му се посветиме на сонцето кое секој ден се повеќе ни ѕирка.
Месец март е идеален и за кафе муабет со тимот на „Адреналинскиот парк во Скопје“.
Од паркот ни раскажуваат дека како идеја, ова е едно успешно надополнување на „Спортско Качувачкиот Стадион Карпош“, тениските игралишта и скејт делот. Притоа, кога се проектирал целиот спортско рекреативен центар, се следеле последните трендови во делот на outdoor активностите и авантурата, кои се практикуваат во западните и поразвиени држави.
Во првата половина од стартот на паркот, пазарот потврдил дека на Општина Карпош и на Град Скопје му недостасувала ваква атракција. Тие додаваат дека се горди на фактот затоа што паркот е почеток на едно ново авантуристичко доживување кое ќе понуди нешто ново на градот.
Паркот има 3 нивоа, поделени по комплицираност и тежина за поминување. Првото ниво е ниво за загревање и запознавање со авантурата. Ова ниво е и за најмладите, деца со возраст од 6 до 8 години. Секако, го корситат сите гости но е идеално за најмладите.
Потоа следува второ ниво, покомплицирана патека која бара фокус, некоја просечна физичка припрема и секако “стомак за адреналин“.
Третото ниво, кое е именувано како „Нинџа ниво“ е подобно за организирање соодветни натпревари за ваков тип на паркови. Ова е најтешкото и има 4 посебни компликации и бара физичка издржливост.
За крај, како забава за сите возрасти е поставен зип лајн, долг околу 60 метри, со просечна брзина на летање од 30km/h. Секое ниво е составено од 8 посебни елементи, кои бараат различен сет на вештини и способности за да се надминат. Во просек, се поминува за 1 час и притоа, авантурата согорува околу 650 калории.
Од организацијата на паркот велат дека интересот за организирање на еднодневни тил-билдин настани е голем, што е сосема очекувано затоа што паркот нуди одлична содржина за сите возрасти и е погоден за секоја физичка форма. Активностите кои ги нудат бараат тимски дух и соработка, но во исто се и колаборативни но и компетитивни активности за ривалски тимови.
Просторот околу паркот исто така нуди можности и за слободни активности и закуска, што секако е голем плус за компаниите. Покај тим билдинг, од таму велат дека полека стануваат омилено место за прослава на родендени, каде децата со неизмерна среќа и радост ја вкусуваат авантурата што паркот ја нуди.
Адреналинскиот парк во Карпош е прв и единствен таков парк во Скопје, кој донесе свежина и нови содржини, баш кога е најпотребно. Паркот е на 1000м2, отворен простор кој иако на 5 минути од центар, сепак делува доста изолирано и нуди прекрасна атмосфера и за опуштање и за адреналински дружби. Капацитетот е исто така предност, затоа што може да прими поглем број на гости во исто време.
Во паркот работат лиценцирани инструктори согласно Европските стандарди, поседуваат лиценци со ISO стандард број и се спремни секогаш да се погрижат за сите гости да го доживеат максимално исксутвото што го нуди адреналинскиот парк.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Даниела П Кофилоска
26.05.2022 08:30
Поздрав, Би сакала да ве прашам за парков, дали е задолжително однапред купување карти и ако може малку подетално за картите, ограничено време, дали има во склоп на паркот ресторан или....Никако неможам да најдам вебстрана да разгледам подетално. Дали има фамилијарни влезници (2+2 деца), за која возраст на деца е паркот..... Благодарам однапред, Поздрав Даниела