Детска Хербално-Креативна Работилница
800.00 ден
Резервирајте детска хербално креативна работилница. Селектирајте го датумот на кој сакате да резервирате и испратете барање. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор на мејл, смс и вибер.
Вклучено во цена:
- Работилница: 600 МКД (вклучува материјали, ментор-предавач и образовни активности)
- Закуска: 200 МКД
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата
Детска Хербално-Креативна
Работилница
„Билки и уметност“ –
Забава, учење и креативност во природата!
Локација: БИЛКИЛАЈФ – Хербална куќа, с. Бродец, Скопска Црна Гора
Времетраење: 2 часа (11:00 – 13:00, флексибилно според договор)
Цена по дете: 800 МКД (вклучува активности, материјали и закуска)
Минимален број учесници: 8
Можност за родендени, групни посети и инклузивни настани
Што нудиме?
Во рамки на нашата програма БИЛКОЛЕНД
– Волшебниот свет на билките, подготвивме хербално-креативна работилница за
деца која спојува забава, учење и креативност во природна и безбедна средина.
Работилницата е инклузивна и
прилагодена и за деца со попреченост – со подвижни хербални градини, сензорски
игри и пристапен простор.
Што ќе научат и доживеат
децата?
- Запознавање со лековити билки и нивните здравствени придобивки
- Сетилни игри и
откривање мириси
- Креативна уметност со природни материјали
- Изработка на билни сувенири
- Садење билка во саксија и грижа за неа
- Забавна едукација преку приказни и игри
- Интеракција и социјализација со другарчиња
Пример програма (11:00 –
13:00)
11:00 – 11:15 | Добредојде
и пријавување
• Сетилна игра „Погоди ја билката“
• Миризливо и топло добредојде
11:15 – 11:45 | Уметност
од природа
• Креирање слики и боенки со билки
• Поттикнување фантазија и креативност
11:45 – 12:00 | Сувенири
од билки
• Декорирање рамки со цвеќиња и лисја
• Миризливи и едукативни сувенири
12:00 – 12:30 | Закуска
• Сандвичи, билен чај, домашен сок
• Цветни колачиња, крекери со билки
12:30 – 12:50 | Моја Билка
– Садење и грижа
• Садење билка и декорирање саксија
• Презентација: лаванда, камилица, нане, рузмарин...
12:50 – 13:00 | Изложба и
завршен дел
• Изложба на креации
• Фото-сесија и благодарници
• Подарок-изненадување за секое дете
Бенефити:
- Стимулација на сетилата
- Креативен израз и социјална интеракција
- Психо-социјална поддршка преку природа
- Зголемено самопочитување и емпатија
- Едукативна и терапевтска вредност
Идеално за родендени,
училишни групи, едукативни излети и инклузивни настани.
📩 Резервирајте преку Кајак.мк и подарете им на децата
искуство кое ќе го паметат!
ЛОКАЦИЈА