Дегустација на македонски вина и храна во Скопје
1,390.00 ден
Дегустација на македонски вина и храна во Скопје. Доколку сакате да резервирате потребно е да испратите барање со селекција на датумот на кој сакате да присуствувате. Во самото барање пишете за колку лица сакате да резервирате, во колку часот би сакале да се реализира настанот и за кое мени сте заинтересирани.
Вклучено во цена:
- Цените на сите пакети по лице се огласени во самата програма
Не е вклучено во цена:
- Транпост до локацијата која се наоѓа во центарот на Скопје
Резервирајте понаква дегустација на македонско вино, парирано со храна во срцето на Скопје. Водена од вински енолози кои во соработка со врвни кувари создаваат идеални парирани вкусови од вино и храна.
Нашите менија за спарување храна и вино се базирани на
внимателно избрани македонски вина од мали и посветени винарии, усогласени со
структурата и интензитетот на секое јадење. Овие спарувања се замислени како
водено гастрономско патување.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ПОНУДИТЕ:
1.
Мени од шест јадења спарени со македонски вина
Дегустација на локални македонски сорти на вино
Секое вино се служи во чаша од 0.1 л
Порции: 100 г предјадења, 200 г главно јадење
Мени за дегустација:
- Жилавка
со сирење во кора
Свежа автохтона балканска сорта, спарена со македонско „биено“ сирење во кора со слатко од смокви. - Смедеревка
Барик со домашно пате од пилешко
Уникатна локална сорта ферментирана во дабови буриња, спарена со домашно пате од пилешко. - Станушина
Розе со рижото од диви печурки
Автохтона македонска сорта, спарена со кремасто рижото од диви шумски печурки (смрчка, вргањ, лисичарка). - Прокупец
со домашно суво зрело месо
Балканско омилено лесно и пикантно црвено, спарено со нашите домашни сувомеснати: буџола, бресаола и панчета. - Вранец
Резерва со свинско филе и праз
Најпознатото македонско црвено вино, сервиранo со авангардна верзија на свинско со праз. - Темјаника
со десерт од јаболка
Ароматична сорта, роднина на мускатот, со наш десерт од јаболка, ванила крем и листови од бадем.
Цена: 2890 денари
по лице
Доплата за говедско: 500 денари
(замена на свинско филе со флет ајрон и целосно говедско сувомесо)
2.
Мени од пет јадења спарени со македонски
вина
Дегустација на локални македонски сорти на вино
Секое вино се служи во чаша од 0.1 л
Мени за дегустација:
- Жилавка
со сирење во кора
- Смедеревка
Барик со домашно пате од пилешко
- Прокупец
со домашно суво зрело месо
- Вранец
Резерва со свинско филе и праз
- Темјаника
со десерт од јаболка
Цена: 2190 денари
Доплата за говедско: 500 денари
(замена на свинско филе со флет ајрон и целосно говедско сувомесо)
3.
Дегустација на македонско вино и закуска
Дегустација на четири автохтони македонски вина
100 мл од секое, со пар автентични закуски
Вина:
- Станушина
– Параџик (Розе)
Деликатно розе со светла лосос нијанса, ароми на јагода и малина, освежително и елегантно. - Пловдина
– Сарика (Розе)
Бледо розе со ноти на пролетни цветови, јагоди и малини. Лесно и свежо. - Прокупец
– Попова Кула
Живописно рубин црвено со ароми на цреша, вишна и смоква, со нота на лебна кора. - Вранец
– Далвина Хермес
Полноцрвено, длабоко виолетово, зрееo во даб. Вкусови на цреша, капина и темно чоколадо.
Закуски:
- Домашно
пилешко пате
Совршено спарено со Станушина и Пловдина. - Домашно
суво зрело месо
Буџола, бресаола и панчета – идеален пар со Прокупец и Вранец.
Цена: 1390 денари
Доколку сакате да резервирате потребно е да испратите барање
со селекција на датумот на кој сакате да присуствувате. Во самото барање пишете
за колку лица сакате да резервирате, во колку часот би сакале да се реализира
настанот и за кое мени сте заинтересирани.
ЛОКАЦИЈА