Пикник настани покрај реката Треска
6,000.00 ден
Доколку сте група која сака да го изнајми просторот за организирање настан испратете ни барање со пополнување на формуларот. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл со вкупна сума, а потоа можете да потврдите присуство. Практикувајте барања по мејл.
Вклучено во цена:
- 4500 денари- Цена за до 25 лица за еден ден (од 10 до 21 часот)- Пред сезона
- 6000 денари- Цена за до 25 лица за еден ден (од 10 до 21 часот)- Во сезона
- Цената варира во зависност и од дополнителните барања на групите
- Користење на опремата на просторот како тоалети, кујна, маси и столчиња и слично
- Wi-Fi
- Паркинг за 6 возила
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата
- Храна
На само два километри од заводливиот кањон Матка, на левиот
брег на реката Треска, се крие едно тивко и мистично место кои чека да биде
вашата следна дестинација. Ова прекрасно пространство, опкружено со шума,
обезбедува не само природна сенка и ладовина, туку и извонреден пикник простор
идеален за разни настани.
Тимот на Кајак.мк им го препорачува ова место на сите групи
кои сакаат да организираат пикник другарување, активности во природа, работни
презентации или работилници во природа.
Местото се наоѓа крај село Шишево, одвоено од секојдневната
бучава и гужва. Располага со две зелени дворчиња на самиот брег на реката,
идеални за одмор и уживање. Тука ќе најдете удобности како лежалки, хамаци, лулашки
и големи маси, совршени за опуштени разговори и забави под отворено небо.
Во околината се нудат различни атракции како кајакарење,
пешачење во природа, искачување по карпи, што го прави ова место одлично за
авантуристи и љубители на природата. За оние кои сакаат да го организираат
својот следен тим билдинг, роденден или пак „момински или ергенски дружби“,
треба да имаат на ум дека пространството е повеќе од погодно.
Кампот располага со летна кујна опремена со плински шпорет и
фрижидер, два тоалета и едно купатило, обезбедувајќи ги основните потреби за уживање.
Исто така, местото нуди и Wi-Fi конекција за сите гости, што ви овоможува он-лајн
работа во природа.
Кампот има обезбедено паркинг простор за четри/пет автомобили и едно комбе. Капацитетот на местото е до 50 лица, што го
прави идеално за средни групи кои сакаат да се забавуваат без да се чувствуваат
пренатрупано.
Замислете ја вашата следна собиранка на ова
место: далеку од секојдневниот стрес, опкружени со природата, со мирис на скара
во воздухот, децата како играат околу, а пријателите и семејството заедно со
вас. Реката Треска пружа совршена позадина со својот природен шум и
релаксирачки амбиент.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Proba proba
24.04.2024 18:50
proba !