НОВО
Супер Домаќин
СЕ ИЗНАЈМУВА ЗА ЕДНА ГРУПА НА ДЕН

Cooking Class in Macedonia: Доживејте ги традиционалните вкусови на Вевчани!

Vevchani Цена од:

1,537.00 ден

Cooking Class in Macedonia: Доживејте ги традиционалните вкусови на Вевчани! Доколку сакате да резервирате вакво полудневно искуство, потребно е да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира, откако ќе испратите барање ќе добиете одговор по писмен пат со вкупна цена. Откако ќе добиете понуда ќе можете да резервирате.


Вклучено во цена:

  • Цена: 25 евра по лице
  • Минимален број учесници: 11 лица.
  • Локација: Вевчани, Македонија.
  • Тип на искуство: Интерактивна работилница за готвење и дегустација на традиционална храна.
  • Наменето за: Туристички групи, корпоративни тим-билдинг настани, странски посетители и љубители на традиционалната македонска гастрономија.
  • Резервација: Со претходна најава и договор.

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата (може да се организира со дополнителна доплата)

Откријте ги автентичните вкусови на Македонија преку уникатно гастрономско искуство во Вевчани!

Доживејте ја македонската традиција преку интерактивна работилница за готвење, каде што заедно со локалните домаќини ќе научите како се подготвуваат традиционалните вевчански специјалитети.

Учесниците ќе имаат можност самостојно да учествуваат во подготовката на домашни јадења, да се запознаат со локалните рецепти и на крајот заеднички да уживаат во храната што самите ја подготвиле.

Традиционални специјалитети

За време на ова искуство ќе имате можност да се запознаете со дел од најпознатите локални специјалитети:

  • Вевчански зелник – традиционална пита со домашно пченкарно брашно и праз.
  • Домашна сукана пита – рачно сукани кори со фил од сирење.
  • Тавче гравче – еден од најпрепознатливите македонски традиционални специјалитети.
  • Тава со полжави – автентичен локален специјалитет подготвен според традиционален вевчански рецепт.

Што е вклучено во цената?

  • Практична обука за подготовка на традиционални специјалитети со локални домаќини.
  • Запознавање со традиционалните рецепти и техники на готвење.
  • Храна и заедничка дегустација на локални специјалитети.
  • Локални алкохолни пијалаци.
  • Безалкохолни пијалаци.

Повеќе од обична работилница за готвење!

Ова е можност да ја почувствувате вистинската македонска гостопримливост, да се запознаете со локалните традиции и да создадете незаборавни спомени преку заедничко готвење и дружење.

Резервирајте го вашето гастрономско искуство во Вевчани преку Кајак.мк!

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар