СЕ ИЗНАЈМУВА ЗА ЕДНА ГРУПА НА ДЕН

Целодневна тура Битола + Хераклеја Линкестис + НП Пелистер

Доколку сте помала група и сакате да ја истражете Битола во еден ден, тогаш вие сте на вистинското место. Резервирајте ја најдобрата организација за едно поинакво уникатно истражување на Битола и регионот. Испратете ни барање со селектирање на датумот, бројот на лица и пишете ни во барањето доколку имате прашања. Одговор добивате во текот на денот.


Вклучено во цена:

  • Цената зависи од големината на групата и периодот

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до Битола

Нашата полудневна тура започнува на само 3 километри од денешниот центар на Битола, кај археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис. Основан од Филип II Македонски во 4 век п.н.е., Хераклеја била значајна точка на патот Виа Егнација. Локалитетот е познат по своите зачувани подни мозаици, Римската јавна бања, Големата базилика со извонредни детали и Античкиот театар кој се одликува со неверојатна акустика. Посетата на Хераклеја нуди уникатно патување низ античкиот свет и неговата архитектонска и уметничка слава.

Потоа се упатуваме кон денешниот Градски музеј, сместен во импресивната зграда од 1848 година, позната како Офицерскиот дом. Овој музеј се гордее со својата богата колекција која брои илјадници експонати од праисторијата, преку римскиот и византискиот период, до модерната историја на Битола. Особено се истакнуваат експонатите поврзани со дипломатската историја на градот и неговото културно наследство.

Прошетката продолжува низ Широк Сокак, позната како македонската верзија на парискиот Шанзелизе. Оваа живописна пешачка улица е центар на социјалниот живот во Битола, со своите елегантни фасади, кафулиња и бутици. Ќе ја посетиме и Црквата Св. Димитриј, еден од најголемите православни храмови во Македонија, познат по својот раскошен иконостас и духовна атмосфера.

Следно, се упатуваме кон Саат Кулата, симболот на градот, и Старата битолска чаршија. Во текот на 19 век, Битола била вториот најголем град во европскиот дел на Османлиската империја (по Солун) и важен трговски центар со над 2.000 продавници и работилници. Старата чаршија, со своите занаетчиски дуќани и автентичен дух, е место каде што историјата оживува.

По слободното време за ручек и можноста да купите локални сувенири, попладнето го посветуваме на Националниот парк Пелистер – гордоста на Битола и природно бегство од летните горештини.

Планината Баба, со својот највисок врв Пелистер (2.601 м.н.в.), е најјужната планина со алпски карактеристики во Европа. Националниот парк е познат по боровите шуми на молика (Pinus peuce), кои претставуваат вистинско богатство на Балканот. Пелистер се одликува со една од најстарите и најкомпактни шумски заедници, каде што може да се најдат дрвја постари од 230 години. Со прошетка низ паркот, посетителите уживаат во свежиот воздух и неверојатните погледи кон природата.

Доцна попладне се враќаме во центарот на Битола, збогатени со искуства и нови спомени.

Времетраење на турата: 7-8 часа

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар