Јавање коњи во село Сладуево

Demir Hisar Цена од:

500.00 ден

Јавање коњи во село Сладуево. Испратете барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со вкупна цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Еден час јавање коњи
  • Коплетна едукација

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до ранчот

Тимот на Кајак.мк го истражува регионот на Демир Хисар се со цел да ви понудиме што е можно повеќе атракции во овој регион кои ќе ве поттикнат да го посетите.

За оние кои сакаат да ги искористат слободните денови од годината за да посетат нови предели и села, ви споделуваме уште една предлог дестинација, а тоа е ранчот „Гара“ кој од денеска е дел од базата на Кајак.мк. 

Нашиот локален херој Гоце вели дека секој кој има желба може да научи да јава коњ. Според него, се што треба е да не бидат мрзеливи туристи и да се одлучат да го посетат селото Сладуево кое се наоѓа на 3 километри од Демир Хисар, а до кое село може да се пристигне со автомобил.

Гоце ни ја раскажа својата приказна за тоа како се заљубил во коњите. За него љубов значи да го сакаш она кое срцето ти вели да го сакаш, а неговото срце му вели да ги сака коњите.

Неговите коњи се кобили кои ги носат имињата Гара и Ѕвезда. Љубовта кон овие животни ја имал уште како мал, но околностите не му дозволувале да одгледува коњи. Се сеќава дека како мал постојано се будел од сон целиот испотен поради тоа што сонувал како јава коњи.

Денеска, коњите се неразделен дел од неговиот живот. За Кајак.мк вели дека сака да ги разбере коњите на негов посебен начин. Има напишано своја книга која го носи насловот „Ќе те научам да јаваш коњ“, за која вели дека е напишана според негово лично видување и искуство кое сака да го сподели со останатите.

Селото во кое ги одгледува и чува коњите е одлично за активен туризам. Пролетта и летото таму се прекрасни. Прекрасни пејсажи, недопрена природа и чисти потоци. Тоа е една од главните причини кои би ве поттикнало да се одлучите на тура со коњи во овој регион.

Од друга страна пак, Гоце развива концет на школа за јавање, на која учесниците ќе се стекнат со основните информации кои треба да се знаат за коњите, ќе научат да комуницираат и управуваат со коњот, прецизност во давање команди, теренско јавање, како и совладување на кас и галоп.

Селото Сладуево се наоѓа во Железник, во источниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, непосредно до патот Демир Хисар-Кичево или Крушево и до текот на Црна Река. Селото е рамничарско, на надморска височина од 635 метри.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар

Разгледајте повеќе атракции