Базен 22: Волково

Скопски регион Цена од:

6,000.00 ден

Разговарај на Viber Јави се на телефон

Контакт за резервација: 076 960 250

Вклучено во цена:

  • Цена од понеделник до петок 6000 денари
  • Цена за викенд и неработни денови: 9000 денари
  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на гости
  • Објектот има туш, кујна, тоалет и простори за пресоблекување од 40м2

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до објектот
  • Храна

За летните денови имаме уште една опција преку Кајак.мк, а тоа е изнајмување на простор со базен за организирање на опуштени секојдневни собирања, пикник со семејството, опуштени бизнис состаноци па и прослави за родендени и разни семејни моменти.

Домаќинот Драган, кој ни ги отвори портите за патувачите на Кајак.мк вели дека базенот се наоѓа во Волково. До него можете да пристигнете преку обиколницата или преку населбата Геге. Од центарот на градот е оддалечен 10 километри, а до самиот простор има асфалтиран пат и три паркинг места.

Уникатноста на „Базен 22“ е тоа што се наоѓа во урбана средина, а сепак изолиран од градскиот метеж, во мирна околината и гарантирана приватност.

Гостите го обожаваат местото поради чистотата на просторот и посветеноста која домаќините ја вложуваат.

Контакт за резервација: 078 504 376

Остави Коментар