28.09.2020

Вила и вино во подзаборавеното село Рамне: Феноменален есенски поглед

Вила и вино во подзаборавеното село Рамне: Феноменален есенски поглед

Дали сте слушнале за село Рамне. Едно од подзаборавените мирни и тивки села над Охрид. Кајак.мк во текот на ова седмица ќе објавува предлог места за патување кои се соодветни да уживате во боите и вкусовите на есента.

Во село Рамне се наоѓа уникатна вила која можете приватно да ја резервирате. Вилата „City view apartmen“ е идеална за луѓе кои бараат мир и тишина, а особено за оние кои медитацијата, езерскиот шмек, јогата и квалитетното вино им се во преден план за време на патувањата.

До село Рамне има асфалтиран пат, а кој пат често се користи за пешачење или велосипедизам. Она што е доста битно да напоменеме е дека селото Рамне е поврзан и со земјин пат до Велестово кое село исто така има прекрасен поглед кон Охрид, а која може да биде ваша дневна маршута за исполнување на денот. 

Вилата има две соби со тоалет, огромен двор со прекрасен поглед кон градот, во дворот има веранда каде можете да дегустирате квалитетни домашни вина кои сопствениците ви ги снабдуваат со претходен договор. За резервации на овој сместувачки капацитет јавете се на: 077854758.

Во околината на селото се наоѓа хидроцентрала која е меѓу првите изградени во Македонија а каде има многу живописна природа и извори на вода. 

Што се можете да посетите во околината на сместувањето:

Археолошки наоѓалишта

Кумбаревци — средновековна црква и некропола;

Макла — средновековна некропола;

Манастири — средновековна црква и некропола;

Рамненски Лозја — населба и некропола од римско време;

Св. Атанасија — средновековна црква;

Св. Варвара — средновековна црква и некропола;

Св. Врачи — средновековна црква и некропола;

Св. Илија — средновековна црква; и

Туше Варница — средновековна населба.


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Сè уште немате план за Св. Трифун? Откријте викенд полн со нови искуства со кајак.мк

Не чекајте последен момент за планови! Прославете Св. Трифун со викенд полн со вински тури, романтични дрвени куќички, рурални доживувања и нови, незаборавни искуства низ Македонија.

Свети Трифун – заштитникот на лозарите и виното

Дознајте кој е Свети Трифун, зошто е заштитник на лозарите и како се слави празникот во Македонија, со традиции, обичаи и винска култура.

Марина одгледува памук и преработува материјали во облека

Запознајте ја Марина, уметница која твори текстил, облека и накит од одржливи материјали. Нејзината работа спојува традиција, природни ресурси и одговорност кон природата и луѓето.

Алтернативен туризам во Македонија: како локалните искуства го менуваат начинот на патување

Алтернативен туризам во Македонија со фокус на локални искуства, автентични доживувања и човечки приказни. Откриј нов начин на патување.

Македонско семејство ја воодушевува Германија со храната и гостопримството

Од Струмица до Леверкузен: семејна приказна за храброст, вкус и успех. Приказните за успешните македонци достапни на Кајак.мк и Macedonia Abroad.

Анти-Инстаграм Македонија: дестинации што не се тренд, но стануваат избор на свесни патници

Откриј го концептот на анти-инстаграм туризам во Македонија – патување без гужви, без филтри и без сценографија. Анализа за новиот профил на патник.